Кога пред неколку дена беше објавена веста за смртта на Гордан Михиќ – еден од најкреативните и најпознатите филмски сценаристи на тлотото на бивша Југославија – меѓу останатите сеќавања за човекот кој на некој начин го етаблирал занаетот на филмскиот сценарист како професија беше споменат и периодот кога Михиќ, како млад вљубеник во филмот, буквално живеел во киносалата на Југословенската кинотека во Белград. Почетокот на 1960-те години  бил обележан со неверојатната „зараза“ со филмот не само како уметност и(ли) забава, туку и како своевиден начин на живот. А Михиќ, како и повеќето филмофили од тој период, ја имале Кинотеката како вистинско светилиште на духот, каде што учеле за филмот. Неговата подоцнешна кариера покажа дека самоукиот писател навистина го научил занаетот на „сценарист од општа пракса“, испишувајќи стотина сценарија за филмови и ТВ серии: некои од нив и ден денес се лектира за идните сценаристи од класичните филмски школи.

Кинотеката ја обележува неговата смрт со три македонски филмови во кои Михиќ е сценарист или косценарист: СРЕЌНА НОВА ’49 на Столе Попов, КОНТАКТ на Сергеј Станојковски и ДЕЦА НА СОНЦЕТО на Антонио Митриќески. Реализирани во период од две децении и со тројца автори сосем различни според нивниот естетски сензибилитет, овие три наслови сепак ги обединуваат главните линии на сценаристичкото творештво на Михиќ: социјалната нишка, семејството и судбините на малите луѓе во општествениот контекст.

Нашата Кинотека, пак, летово го изгуби нејзиниот „добар дух“, професорот Стефан Сидовски-Сидо. Човекот кој од „здодевниот“ предмет марксизам во скопската гимназија „Раде Јовчевски Коргачин“ правеше фестивал на љубопитниот и критички дух, последнава деценија ги учеше студентите на Универзитетот ЕФТА, предавајќи им историја и теорија на филмот. Но, многу поважна е неговата улога на децениски неформален учител на десетици и десетици млади филмофили: како што имаше страст до последен момент да ги снима неговите аматерски и експериментални филмови, така имаше трпеливост да ги сослуша сите идеи, колку и да биле наивни, бидејќи знаеше дека од тој материјал – наивноста – е сочинет почетокот на секој млад филмаџија. Посетителите на Кинотеката добро знаат дека Сидо беше, на многу начини, нејзин заштитен знак, редовен посетител и собеседник на многу филмски теми. Во негова чест ќе проследиме неколку кратки филмови од богатиот опус.

Почетокот на септемвриската сесија во киносалата на Кинотеката е резервиран за фестивалот на документарни музички филмови СКОПЈЕ СИНЕМА СИТИ. Следуваат и наградуваните македонски филмови ИСЦЕЛИТЕЛ на Ѓорче Ставрески и ГОСПОД ПОСТОИ, ИМЕТО Ѝ Е ПЕТРУНИЈА на Теона Митевска, како и ВТОРА ШАНСА на Марија Џиџева.

Септемвриската програма ги содржи и остварувањата на неколку успешни светски автори кои внесоа свежина во филмската естетика: Хармони Корин со СКИТНИКОТ ОД ПЛАЖАТА, Али Абаси со ГРАНИЦА, Лин Ремзисо ВСУШНОСТ, НИКОГАШ НЕ БЕШЕ ТУКА

Овој септември ќе можете да проследите и два интересни циклуси од националните кинематографии на Бразил и Русија. Десетината интересни филмски остварувања од различни периоди се убав повод и да ја пречекаме есента во Кинотеката. 

3-7 СЕПТЕМВРИ

СКОПЈЕ СИНЕМА СИТИ 2019

 

3 СЕПТЕМВРИ (ВТОРНИК) 20:00 Ч.

КИТ РИЧАРДС: ПОД ВЛИЈАНИЕ

(Keith Richards: Under The Influence)

Документарен филм, САД

2015 г., 82 мин., колор, ХД

Режија: Морган Невил (Morgan Neville)

 

Филмот ПОД ВЛИЈАНИЕ е портрет на гитаристот Кит Ричардс, кој е срцето и душата на бендот Ролинг стоунс. Тој е сниман по објавувањето на неговата автобиографија „Живот“ и за време на сесиите за неговиот соло албум „Cross-eyed Heart”. Низ него се раскажува и за луѓето и за жанровите што влијаеле врз неговиот вкус и разбирање за музиката (блуз, кантри, рокенрол, реге) и кои тој ги пренел во песните кои ги има напишано.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 ден.

 

 

3 СЕПТЕМВРИ (ВТОРНИК) 21:30 Ч.

КОНЦЕРТ – ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ

 

 

4 СЕПТЕМВРИ (СРЕДА) 19:00 Ч.

ВО ПОТРАГА ПО РОБЕРТ ЏОНСОН

(The Search For Robert Johnson)

Документарен филм, Велика Британија

1992 г., 72 мин., колор, ХД

Режија: Крис Хант (Chris Hunt)

 

Роберт Џонсон е еден од најпознатите блуз музичари на сите времиња. За неговиот живот постојат многу митови и легенди, а најпозната е дека ја продал душата на ѓаволот за да има невидени вештини во свирењето на гитара и слава. Нема бенд или музичар денес што не бил под влијание на неговата музика. Многу од нив и ги имаат обработено неговите песни: Клептон, Стоунси, Лед Цепелин, Дорс… Филмот е патешествие по јужните делови на САД каде приказната за Џонсон е раскажана преку Џон Хамонд кој открива многу детали за овој енигматичен човек и интервјуира неколку пријатели и придружници на Џонсон како Ханибој Едвардс и Џони Шајнс.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 ден.

 

 

4 СЕПТЕМВРИ (СРЕДА) 21:00 Ч.

ЕРИК КЛЕПТОН: НИШТО ДРУГО ОСВЕН БЛУЗ

(Eric Clapton: Nothing But The Blues)

Документарен филм, САД

1995 г., 54 мин., колор, ХД

Режија: Мартин Скорсезе (Martin Scorsese)

 

Филмот е снимен по објавувањето на албумот на Клептон со блуз преработки „From the Cradle” во 1994 г. и во филмот тој зборува за својата љубов кон блуз музиката и за музичарите што тој најмногу ги цени од тој жанр: Мади Вотерс, Хаулин Вулф, Роберт Џонсон, Би Би Кинг, Ти Боун Вокер, Бади Гај, Фреди Кинг и Џими Роџерс. Покрај ова, филмот изобилува со концертни настапи на Клептон кој изведува песни од овој реномиран албум, како и архивски снимки со гореспомнатите музичари.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 ден.

 

 

5 СЕПТЕМВРИ (ЧЕТВРТОК) 19:00 Ч.

РОМАНТИЧНИ ВОЈНИЦИ IV: КРАУТРОК

(Romantic Warriorsiv: Krautrock I)

Документарен филм, Германија

2019 г., 120 мин., колор, ХД

Режија: Адел Шмит, Хозее Зегара Холдер (Adele Schmidt, José Zegarra Holder)

 

Краутрок е англиски назив за група авангардни германски бендови од почетокот на 1970-те години. Во текот на тој период една група западногермански музичари, со желба да создаваат автентична германска музика која нема да биде копија на британската и американската, креираат нов начин на создавање музика. Тие зеле сè што може да се земе од авангардната германска класична музика и од рокенролот и внеле навистина прогресивен и револуционерен дух со што влијаеле врз еволуцијата на електрoнската музика, техното, хип-хоп музиката, минимализмот. Тие бендови се „КЕН“, „Крафтверк“, „НОЈ!“, „Фауст“.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 ден.

 

 

5 СЕПТЕМВРИ (ЧЕТВРТОК) 21:00 Ч.

МАРК РИБÓ: ИЗГУБЕНАТА ЖИЦА

(Marc Ribot: The Lost String)

Документарен филм, Франција

2007 г., 60 мин., колор, ХД

Режија: Ана Прозаик (Anaïs Prosaïc)

 

Портрет на авангардниот џез гитарист Марк Рибо и неговите бендови и проекти како дел од даунтаун сцената во Њујорк.  Иако на публиката ѝ е повеќе познат како гитарист на Том Вејтс и Џон Зорн, сепак неговиот опсег на проекти оди подалеку и вклучува и соработки со „Лаунџ лизардс“, Ентони Колман, „Космополитанс“.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 ден.

 

 

6 СЕПТЕМВРИ (ПЕТОК) 19:00 Ч.

ЖИВОТОТ НА НИК ДРЕЈК: ЧУВСТВИТЕЛНА ДУША

(A Skin Too Few: The Days Of Nick Drake)

Документарен филм, Велика Британија

2002 г., 50 мин., колор, ХД

Режија: Џерон Беквенс (Jeroen Berkvens)

 

За време на својот краток и тивок живот кантавторот Ник Дрејк објавил 3 албуми кои сега се сметаат за ремек-дела, но кога биле објавени во 1970-тите тие биле целосно игнорирани и заобиколени. Со секој неуспех Ник потпаѓал во сè подлабока депресија сè додека во 1974 г. не си го одзел животот. Меѓутоа, тој ги остава овие ремек-дела кои со текот на времето наоѓаат своја публика. Приказната за Дрејк е раскажана од неговата сестра Габриела, а во филмот се појавуваат и луѓе кои соработувале со него како продуцентот Џо Бојд, аранжерот Роберт Кирби и Пол Велер, кој е негов голем фан.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 ден.

 

 

6 СЕПТЕМВРИ (ПЕТОК) 20:00 Ч.

АЗОРИТЕ НА МАДРЕДЕУШ

(Azores De Madredeus)

Документарен филм, Португалија, Франција

1997 г., 40 мин., колор, ХД

Режија: Роб Ромбот

 

Мадредеуш се еден од најпознатите португалски бендови кои се здобија со светска слава благодарение на филмот на Вим Вендерс „Лисабонска приказна“. Азорите се острови каде што бендот патува и каде на разни локации изведува песни од албумот „O Paraiso”.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 ден.

 

 

 

7 СЕПТЕМВРИ (САБОТА) 19:00 Ч.

КЛАСИЧНИ АЛБУМИ: СНИМАЊЕТО НА АЛБУМОТ THE „ЏОШУА ТРИ“ НА „ЈУ-ТУ“

(Classic Albums: U2- The Joshua Tree)

Документарен филм, Велика Британија

1999 г., 60 мин ., колор, ХД

Режија: Филип Кинг, Нуала О Конор (Philip King, Nuala O’Connor)

 

Во 1987 г., „Ју-Ту“ го објавуваат најпознатиот албум во нивната кариера „The Joshua Tree“.  Албумот изобилува со прекрасни и незаборавни песни кои се искачуваат на врвот на хит листите како: „With or Without You”, „I Still Haven’t Found What I’m Looking For” и „Where the Streets Have No Name”. Во разговор со членовите на бендот се зборува за инспирацијата зад песните и се раскажуваат анегдоти од снимањата. Покрај членовите на бендот во филмот се интервјуирани и менаџерот на бендот Пол Мекгинис, продуцентите Брајан Ино, Даниел Лануа и Стиви Лиливајт, како и тонецот Флад. Сите заедно даваат слика на некое друго време и сите случувања и приказни кои довеле до снимање на ремек-делото „The Joshua Tree“.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 ден.

 

 

7 СЕПТЕМВРИ (САБОТА) 20:00 Ч.

КВИН: ПРИКАЗНАТА ЗА БОЕМСКАТА РАПСОДИЈА

(Queen: The Story Of Bohemian RhaPSODY)

Документарен филм, Велика Британија

2004 г., 60 мин., колор, ХД

Режија: Карл Џонстон (Carl Johnston)

 

„Боемската рапсодија“ е еден од најголемите хитови на групата „Квин“. Таа отскокнува од сè што било објавено во тоа време, а со својата должина и оперска секција мала била веројатноста дека таа ќе биде хит. Но сепак, синглот ќе се искачи на топ листите во Британија цели 9 недели и ќе го трасира патот за богатата кариера на овој бенд. Во филмот, членовите на бендот раскажуваат за снимањето на оваа песна, околностите за снимањето на видео спотот, а професори Оксфорд ги анализираат стиховите на песната и повторниот успех на песната во САД со филмот СВЕТОТ НА ВЕЈН.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 ден.

 

 

10 СЕПТЕМВРИ (ВТОРНИК), 18:00 Ч.

23 СЕПТЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 18:00 Ч.

ПАТУВАЊЕТО НА ЈАО

(Yao)

Игран филм, Франција, Сенегал

2019, 103 мин., колор,  ДЦП

Режија и сценарио: Фелипе Годо (Philippe Godeau)

Улоги: Омар Су, Лионел Луј Бас, Фатумата Диавара (Omar Sy, Lionel Louis Basse, Fatoumata Diawara)

 

Јао, младо момче кое ги сака книгите и сонува за авантури, бега од своето село во северен Сенегал да го запознае својот херој, познат француски актер кој е во посета на својата родна земја. Обземен од посветеноста на Јао, тој решава да го придружува на патот до дома. Делејќи го авантуристичкото патување до селото на ова дете, актерот сфаќа дека се враќа кон своите корени…

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 ден.

 

 

10 СЕПТЕМВРИ (ВТОРНИК) 20:00 Ч.

14 СЕПТЕМВРИ (ПЕТОК) 20:00 Ч.

14 СЕПТЕМВРИ (САБОТА) 20:00 Ч.

ИСЦЕЛИТЕЛ

(Secret Ingredient)

Игран филм, С. Македонија,

2017, 104 мин, колор ДЦП

Режија: Ѓорче Ставревски (Gjorce Stavreski)

Сценарио:  Ѓорче Ставревски (Gjorce Stavreski)

Улоги: Благој Веселинов, Анастас Тановски, Аксел Мехмет ( Blagoj Veselinov, Anastas Tanovski, Aksel Mehmet)

 

ИСЦЕЛИТЕЛ  е филм на  Ѓорче Ставрески, кој е истовремено и сценарист и продуцент на филмот, како и монтажер на звукот. ИСЦЕЛИТЕЛ е филм што балансира меѓу семејна драма, црна комедија и социјален коментар.

Веле (Благој Веселинов), механичар од железничко депо, немајќи пари да купи лекови, му дава на татко му Саздо (Анастас Тановски) колач направен од украдена марихуана за да му ги ублажи болките од рак, меѓутоа е притиснат од криминалците кои си ја бараат дрогата назад и од соседите-душкала, кои во него гледаат нова надеж, исцелител.

Исцелител е добитник на повеќе награди и признанија. На својата премиера на Солунскиот филмски фестивал во 2017, филмот ја доби наградата од публиката, со што стана прв македонски филм со ваква награда. Добитник е и на специјалната награда од жири за сценарио на 17-тото издание на Медитеранскиот филмски фестивал во Брисел.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 ден.

 

11 СЕПТЕМВРИ (СРЕДА) 18:00 Ч.

19 СЕПТЕМВРИ (ЧЕТВРТОК), 18:00 Ч.

ПРОЕКТ КОЛИБРИ

(The Hummingbird Project)

Игран филм, Белгија, Канада

2019 г., 111 мин., во боја, ДЦП

Режија: Ким Нгујен (Kim Nguyen)

Сценарио: Ким Нгујен (Kim Nguyen)

Улоги: Џеси Ајзенберг, Алекандер Скарсгард, Салма Хаек (Jesse Eisenberg, Alexander Skarsgård, Salma Hayek)

 

Роднини од Њујорк, Винсент и Антон, се играчи во високоризична игра во која победата се мери во милисекунди. Кој е нивниот сон? Да изградат оптички кабел помеѓу Канзас и Њу Џерси, кој би ги направил милионери. Но ништо не е чудно за овој чуден пар. Антон е мозокот на операцијата, Винсент е измамник и заедно се поддржуваат еден со друг  до раб на издржливост со нивната бесмислена авантура. Единствено на патот ќе им застане нивната шефица, моќна и манипулативна жена, која не потклекнува пред ништо.

Ким Нгујен е еден од најзначајните и најнаградувани современи канадски автори. Роден и одраснат во Монтреал, Квебек, во виетнамско-француско семејство, сценаристот и режисер Нгујен ја освои публиката и критиката со филмовите WAR WITCH (ВОЕНА ВЕШТЕРКА, 2012) – познат и по францускиот наслов REBELLE (БУНТОВНИЧКА) – и EYE ON JULIET (ГЛЕДАЈЌИ ЈА ЏУЛИЕТ, 2017).

 

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 100 денари

 

 

11 СЕПТЕМВРИ (СРЕДА) 20:00 Ч.

12 СЕПТЕМВРИ (ЧЕТВРТОК) 18:00 Ч.

СКИТНИКОТ ОД ПЛАЖАТА

(The Beach Bum)

Игран филм, Шварјцарија / Велика Британија / Франција / САД

2019, 95 мин., колор, ДЦП

Режија: Хармони Корин (Harmony Korine)

Сценарио: Хармони Корин (Harmony Korine)

Улоги: Метју Меконахи, Снуп Дог, Ајсла Фишер, Зак Ефрон (Matthew McConaughey, Snoop Dogg, Isla Fisher, Zac Efron)

Приказната ги следи постојаните неволји на Мундог (Метју Меконахи), бунтовничкиот скитник кој живее по сопствени правила. Хармони Корин, режисерката на претходниот филмски успех БУНТОВНИЦИ, во СКИТНИКОТ ОД ПЛАЖАТА прави освежувачки оригинална комедија со ѕвездите Снуп Дог, Зак Ефрон, Ајсла Фишер…

Мундог е талентиран поет „во обид“ со своевиден неохипи имиџ. Пријателите го критикуваат дека талентот го потрошил на алкохол и жени. Сепак, во паузите на лудите журки и оргиите, Мундог го завршува неговиот роман, за кој тврди дека е „следниот голем американски роман“. Во секој случај, романот му е единствената шанса да не заврши в затвор…

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари 

 

 

12 СЕПТЕМВРИ (ЧЕТВРТОК) 20:00 Ч.

21 СЕПТЕМВРИ (САБОТА) 18:00 Ч.

27 СЕПТЕМВРИ (ПЕТОК) 18:00 Ч.

 

ГРАНИЦА

(Gräns / Border)

Игран филм, Шведска / Данска

2018, 110 мин., колор, ДЦП

Режија: Али Абаси (Ali Abbasi)

Сценарио: Џон Ајвиде Линдквист, Али Абаси (John Ajvide Lindqvist, Ali Abbasi)

Улоги: Ева Меландер, Еро Милоноф, Јирген Торсон (Eva Melander, Eero Milonoff, Jörgen Thorsson)

 

Граничарката Тина има неверојатна способност да ги препознае криумчарите. Тина како малечка мислела дека е посебно девојче, но подоцна морала да се соочи со фактот дека има генетско нарушување.

Еден ден од траектот се симнува сомнителен човек, кој не може да го „прочита“. Кога нема да успее да дознае што крие Воре, таа станува опседната со него и неговата вознемирувачка аура. Нешто ја привлекува кон него, нешто блиско, а истовремено застрашувачко. Воре и открива дека има слични лузни како неа, па Тина полека открива кое е нејзиното минато. Започнува истрага што ќе и открие повеќе од очекувањата и наскоро ќе мора да се соочи со застрашувачката вистина за себеси и човештвото.

ГРАНИЦА ја освои главната награда во програмата „Извесен поглед“ на Канскиот филмски фестивал во 2018, и беше шведски кандидат за наградата Оскар годинава.

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 100 денари 

 

 

13 СЕПТЕМВРИ (ПЕТОК) 18:00 Ч.

23 СЕПТЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 Ч.

ВСУШНОСТ, НИКОГАШ НЕ БЕШЕ ТУКА

(You Were Never Really Here)

Игран филм, Франција, САД, Велика Британија

2017, 90 мин., колор,  ДЦП

Режија и сценарио: Лин Ремзи (Lynne Ramsay)

Улоги: Хоакин Феникс, Екатерина Самсонов, Џудит Робетртс, Џон Доман (Joaquin Phoenix, Ekaterina Samsonov, Judith Roberts, John Doman)

 

Корупција, одмазда и најмрачните внатрешни демони се главна тема на филмот ВСУШНОСТ НИКОГАШ НЕ БЕШЕ ТУКА, кој ги доби наградите за најдобро сценарио и најдобар актер на Филмскиот фестивал во Кан 2017. Хоакин Феникс ја толкува улогата на трауматизиран и емотивно дистанциран воен ветеран и поранешен ФБИ агент, кој живее со дементната мајка, која е и негова единствена врска со она што би можело да се нарече нормален живот. За да преживе, по воената служба, прифаќа да работи како платеник. Негова специјалност се спасување на девојки кои биле дел од синџирот на бело робје. Причина за неговата последна насилна мисија е Нина, ќерка на њујоршки сенатор, киднапирана и пикната да работи во бордел на Менхетен. Негова задача е да ја пронајде, да ја врати дома и да го убие секој што ќе му застане на патот. Кога работата ќе излезе од контрола, кошмарите на Џо почнуваат да го обземаат, што води до две можни опции – негова смрт или негово будење.

Ова остварување го означува враќањето на шкотската режисерка и сценаристка Лин Ремзи, позната по филмот МОРАМЕ ДА РАЗГОВАРАМЕ ЗА КЕВИН од 2011 година. Ремзи ужива репутација на една од најоригиналните и најинтересни авторки кои работат во независната филмска продукција.

 

Возрасна категорија : 14 години

Влезница: 100 денари

 

 

IN MEMORIАM: ГОРДАН МИХИЌ

14 СЕПТЕМВРИ (САБОТА) 18:00 Ч.

КОНТАКТ

(Contact)

Игран филм, С. Македонија, Германија

2005 г., 95 мин., колор, ДЦП

Режија: Сергеј Станојковски (Sergey Stanojkovski)

Сценарио:  Гордан Михиќ, Сергеј Станојковски ( Goran Mihich, Sergey Stanojkovski)

Улоги: Лабина Митевска, Никола Којо, Петар Мирчевски, Весна Петрушевска, Владимир Ендровски (Labina Mitevska, Nikola Kojo, Petar Mirchevski, Vesna Petruchevska, Vladimir Endrovski)

Драма за двајца отпадници, една луда жена и затвореник кои си ги спасуваат животите. Жана (25) и Јанко (40) се ослободени во истиот ден. Таа од психијатриската болница. Тој од затвор. Нивните домови се продадени на политичари кои се обидуваат да се скријат пред обвинителите од Трибуналот за воени злосторства во Хаг.

Овие две сосема спротивни личности се принудени да се здружат, при што откриваат дека всушност се познаваат од поодамна. И се вљубуваат. Жана поприма малку од негативната енергија на Јанко, која ја користи за да се справи со секојдневието. Тој пак чувствува како таа презема дел од неговиот товар и открива нови аспекти од својот живот. Агресијата која на некој начин ја беше насочил кон себе, добива послаб интензитет. Тие одлично фунционираат заедно, но тогаш Жана ја открива вистината. Откако Јанко признава дека сѐ што сторил за неа било заради пари, Жана повторно паѓа во апатија…

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 ден.

 

 

 

IN MEMORIAM: ГОРДАН МИХИЌ

16 СЕПТЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 18:00 Ч.

ДЕЦА НА СОНЦЕТО

(Children of the Sun)

Игран филм, С.Македонија

2014, 87 мин, колор ДЦП

Режија: Антонио Митриќески (Antonio Mitrikeski)

Сценарио: Гордан Михиќ (Gordan Mihic)

Улоги: Ивана Павлаковиќ, Кире Џотевски, Мето Јованоски, Емир Хаџихафизбеговиќ (Ivana Pavlakovic, Kire Fotevski, Meto Jovanoski, Emir Hadzihafizgovic)

 

ДЕЦА НА СОНЦЕТО е филм, базиран врз еден модерен неореализам. Суптилна социјална драма со лесни апсурдни ситуации. Еден од главните ликови е Aнгела, млада девојка која барајќи го својот пат, бега од својата фамилија: нејзините родители сакаат да ѝ договорат брак со бизнисмен од странство заради парите со кои би ги отплатиле семејните долгови. Ангела го сака Mарко кој, пак, е вплеткан со локалната мафија. Кога ќе посакаат да побегнат, нивната љубов завршува несреќно.

Филмот има добиено повеќе награди:  Најдобар долгометражен филм – Фестивал на македонски филм, Торонто, Канада, 2014, Најдобра режија – Macedonian Cinema Days, Хурствил, САД, 2015.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: Бесплатен влез

 

 

 

16 СЕПТЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 Ч.

СРЕЌНА НОВА ‘49

(Happy New ’49)

Игран филм, С.Македонија

1986, 125 мин, колор ДЦП

Режија: Столе Попов (Stole Popov)

Сценарио: Гордан Михиќ (Gordan Mihic)

Улоги:  Александар Ѓорчев, Мето Јовановски, Светозар Цветковиќ, Владица Милосављевиќ, Петар Арсовски, Мите Грозданов, Душко Костовски (Aleksandar Gjorcev, Meto Jovanovski, Svetozar Cvetkovic, Vladica Milosavljevic, Petar Arsovski, Mite Grozdanov, Dusko Kostovski)

 

СРЕЌНА НОВА ’49 го оствари најголемиот успех на македонската кинематографија на 33-от Пулски филмски фестивал (17-25 јули 1986 г.): филмот во продукција на „Вардар филм“ доби Голема златна арена за најдобар филм, Гордан Михиќ доби Златна арена за најдобро сценарио, Душко Костовски – Златна арена за машка епизодна улога, Љупчо Константинов – Златна арена за музика, Радмила Иватовиќ – Златна арена за маска, а Столе Попов ја доби наградата за режија Златен гладијатор…

Дејството на филмот започнува во јуни 1948 година. Група југословенски студенти, на школување  во СССР, по несогласувањата меѓу двете земји се враќаат дома. Меѓу другите, тука се и Драгослав, неговата девојка Вера и блискиот пријател Градимир, кого раздвојувањето со СССР го доведува до низа внатрешни конфликтни ситуации, кои конечно кулминираат со чинот на неговото самоубиство на железничката станица во Суботица. Истрагата во врска со самоубиството започнува веднаш, а Драгосслав и Вера продолжуваат за Скопје, кај семејството на Драгослав.

Драгослав го затекнува неговото семејство речиси пред распаѓање: мајка му е на умирање, татко му не може веќе да го контролира помладиот брат Пиги, кој е разочаран од придобивките на „новото време“, па се занимава со шверц и е водач на локалната банда.

Меѓутоа, неприликите допрва следуваат. Драгослав е осомничен дека е шпион на СССР и завршува в затвор. Брат му Пиги ќе ја смува Вера, па проблемите само се множат…

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: Бесплатен влез

 

 

17 СЕПТЕМВРИ (ВТОРНИК), 18:00 Ч.

18 СЕПТЕМВРИ (СРЕДА), 20:00 Ч.

ВТОРА ШАНСА

(Second chance)

Игран филм, С. Македонија

2019, 100 мин., колор,  ДЦП

Режија:  Марија Џиџева (Marija Dzidzeva)

Сценарио:  Огнен Георгиевски (Ognen Georgievski,)

Улоги: Дениз Абдула, Јорданчо Чевревски, Мирјана Карановиќ, Даниела Иваноска, Димитар Ѓорѓиевски (Deniz Abdula, Jordanco Cevrevski, Mirjana Karanović, Daniela Ivanoska, Dimitar Georgievski)

 

Дебитанскиот филм на Џиџева, ВТОРА ШАНСА, е драма која се случува за време на воениот конфликт во Македонија. Во оваа приказна се преплетуваат три судбини на три карактери кои поради серија на индиректно поврзани настани се приморани самите да се жртвуваат или да жртвуваат некого за нивната цел. Така, животите на Сандра (анестезиолог, кој тоне во психозата индуцирана од конфликтот), Илија (војник, кој се прашува дали неговата жртва навистина ѝ помогнала на неговата татковина) и Кирил (чиј син е случајна жртва на хулигани), се преплетуваат во климакс, во кој само публиката е сведок на нивните меѓусебни влијанија. Иако навидум политички ангажирана и мрачна, ВТОРА ШАНСА се фокусира на меѓучовечките однос во крајно нехумани услови со цел да го пронајде и да го потенцира она што е најсветото во нас: љубовта и надежта.

По проекцијата на филмот следува разговор со режисерката Марија Џиџева

 

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 100 денари

 

 

17 СЕПТЕМВРИ (ВТОРНИК), 20:00 Ч.

18 СЕПТЕМВРИ (СРЕДА), 18:00 Ч.

20 СЕПТЕМВРИ (ПЕТОК), 18:00 Ч.

24 СЕПТЕМВРИ (ВТОРНИК), 20:00 Ч.

ГОСПОД ПОСТОИ, ИМЕТО Ѝ Е ПЕТРУНИЈА

(God Exists Her Name Is Petrunya)

Игран филм, Белгија, Хрватска, Франција, С. Македонија, Словенија

2019, 100 мин., колор,  ДЦП

Режија: Теона Стругар Митевска (Teona Strugar Mitevska)

Сценарио: Теона Стругар Митевска, Елма Татарагиќ (Teona Strugar Mitevska, Elma Tataragić)

Улоги: Зорица Нушева, Лабина Митевска, Петар Мирчевски, Виолета Шапковска, Симеон Мони Дамевски, Суад Беговски, Илија Волчески, Стефан Вујисиќ, Андријана Колевска,Владимир Тулиев

(Zorica Nusheva, Labina Mitevska, Petar Mirchevski, Violeta Shapkovska, Simeon Moni Damevski, Suad Begovski, Ilija Volcheski, Stefan Vujisic, Adrijana Kolevska, Vladimir Tuliev)

 

Во Штип, секој јануари по повод христијанскиот празник Водици, локалниот свештеник фрла дрвен крст во реката и стотина мажи се нурнуваат по него. Добра среќа и просперитет се загарантирани за оној кој ќе го фати. Овој пат, Петрунија скока по крстот и успева да го дофати пред другите. Останатите натпреварувачи се бесни, како се осмелува една жена да учествува во нивниот ритуал? Се превртуваат небо и земја, но Петруија цврсто стои на земја – таа го фати крстот и нема да го предаде.

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ се снимаше 6 недели во Штип во текот на јануари и февруари 2018. Монтажата се одвиваше во Белгија, а звукот, лабораторијата и музиката во Белгија, Франција и Словенија.

Филмот ГОСПОД ПОСТОИ, ИМЕТО Ѝ Е ПЕТРУНИЈА се натпреваруваше во главната конкуренција на Берлинскиот филмски фестивал, како и на десетина престижни фестивали во светот. Филмот е добитник на дузина фестивалски награди и признанија.

 

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 100 денари

 

 

19 СЕПТЕМВРИ (ЧЕТВРТОК), 20:00 Ч.

24 СЕПТЕМВРИ (ВТОРНИК), 18:00 Ч.

КНЕДЛИЧКА

(Dumplin)

Игран филм, САД

2019, 110 мин., колор,  ДЦП

Режија: Ен Флечер (Anne Fletcher)

Сценарио: Ен Флечер (Anne Fletcher)

Улоги: Даниел Макдоналд, Џенифер Анистон, Одеја Раш (Danielle Macdonald, Jennifer Aniston, Odeya Rush)

 

Вилудин Диксон е полничка тинејџерка и ќерка на поранешна мис. Прекар ѝ е Кнедличка, кој ѝ го дала мајка ѝ и е единствената што ја вика така. Отсекогаш сакала да седи дома и да се дружи со својата најдобра другарка Елен, која е типична американска убавица. Сѐ се менува кога Вил ќе прифати работа во Харпи, локален ресторан за брза храна, каде ќе го запознае Бо – убав и згоден спортист. Вил не е изненаден што ѝ  се допаѓа Бо, но ќе се шокира кога ќе дознае дека и таа му се допаѓа нему.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 ден.

 

 

20-22 СЕПТЕМВРИ 20:00 Ч.

ДЕНОВИ НА БРАЗИЛСКИ ФИЛМ

20 СЕПТЕМВРИ (ПЕТОК) 20:00 Ч.

ДРАГ АМБАСАДОРЕ

(Querido Embaixador)

Игран филм, Бразил

2017 г., 89 мин., колор, блуреј

Режија: Луиз Фернандо Гулар (Luiz Fernando Goulart)

Сценарио: Флавиа Орландо (Flávia Orlando)

Улоги: Норивал Ризо, Алис Асев, Мирам Мелер (Norival Rizzo, Alice Assef, Miriam Mehler)

 

Филм базиран на новооткриените факти, поткрепени со сведоштва и архивски снимки, кој ја раскажува приказната приказната за амбасадорот на Бразил во Франција, Луиз де Соуза Дантас. За време на Втората светска војна, бразилскиот амбасадор му се спротиставивл на тогашниот претседател на Бразил, Гетуљо Варгас кој тајно им наложил на амбасадите да не им издаваат визи на Евреите и на „неподобните“ кои сакале да избегаат од завојуваната Европа. Тој се спротиставил на наредбата, судирајќи се со Варгас, француската влада и нацистичка Германија, и издал повеќе од 1.000 нерегуларни дипломатски визи за Бразил токму на оние кои биле прогонувани од нацистичкиот режим.

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: Бесплатен влез

 

 

 

 

21 СЕПТЕМВРИ (САБОТА) 20:00 Ч.

ОВА Е БОСА НОВА: ИСТОРИЈА И ПРИКАЗНИ

(This is Bossa Nova—The History and Stories / Coisa Mais Linda: Histórias e Casos da Bossa Nova)

Документарен филм, Бразил

2005, 126 мин., колор, ДЦП

Режија: Пауло Тиаго (Paulo Thiago)

Сценарио: Пауло Тиаго(Paulo Thiago)

Настапуваат:Роберто Менескал, Карлос Лира, Џони Алф, Лени Андраде, Били Бјанко, Роналдо Босколи, Серџо Кабрал (Roberto Menescal, Carlos Lyra, Johnny Alf, Leny Andrade, Billy Blanco Ronaldo Boscoli, Sérgio Cabral)

 

ОВА Е БОСА НОВА: ИСТОРИЈА И ПРИКАЗНИ на Пауло Тиаго е документарец за раѓањето на музичкиот правец „боса нова“ во земјата на заразно темпераментните ритмови – Бразил –и нејзините главни ѕвезди.

Кон крајот на 50те години на минатиот век, кога бразилска музичка икона Жоао Гилберто ја сними првата боса нова песна и ги погоди вкусовите на сонародниците, еден тинејџер во Рио де Жанеиро добил моментален порив да научи да свири на гитара. Мајка му пронашла роднина чиј син-студент давал часови по свирење часови, извесен Роберто Менескал. Инструкторот Менескал, кој требаше да стане еден од најголемите живи композиторина боса нова правецот, е портретиран во документарниот филм на еден од неговите ученици, режисерот и сценарист Пауло Тиаго.

Во филмот на Тиаго, Менескал и неговиот композитор Карлос Лира ги раскажуваат приказните за луѓето кои од локалниот бразилски музички правец боса нова направија интернационална сензација. ОВА Е БОСА НОВА: ИСТОРИЈА И ПРИКАЗНИ ја раскажува хронологијата на боса нова музиката од нејзините почетоци во 60те години на минатиот век, нејзините први успеси – како изведбата во престичниот храм на музиката, Карнеги Хол во Њујорк, САД – па сè до етаблирањето во новиот век.

Менескал и Лира ги „носат“ гледачи на своевидна турнеја низ Копакабана, област јужно од центарот на Рио позната по долгата истоимена плажа, каде што двајцата пораснале, студирале и компонирале музика. Проткаен со анегдоти и богато звучно илустриран со гитарски изведби во дневни соби,на сончевите плажи во соседството и во концертни сали, филмот на Тиаго нуди секојдневно, интимно расположение, но тој како расен автор во целост ја документира и музиката.

Возрасна категорија: За сите возрасти

Велзница: Бесплатен влез

 

 

22 СЕПТЕМВРИ (НЕДЕЛА) 20:00 Ч.

ДВАТА СИНА НА ФРАНКО

(Os Dois Filhos De Franciso / Two Sons of Francisco)

Игран филм, Бразил

2005 г., 132 мин., колор, блуреј

Режија: Брено Силвеира (Breno Silveira)

Сценарио: Каролина Кочо, Патрисиа Андраде, Лучиано Камарго, Брено Силвеира, Домингос де Оливеира (Carolina Kotscho, Patrícia Andrade, Luciano Camargo, Breno Silveira         , Domingos de Oliveira)

Улоги: Анжело Антонио, Џира Паез, Марсио Килинг, Тијаго Мендонка, Палома Дуарте (Ângelo Antônio, Dira Paes, Márcio Kieling, Thiago Mendonça, Paloma Duarte)

 

Ова е приказна за Франциско, еден едноставен и сиромашен човек чиј сон е да си ги види своите деца како музички фолк ѕвезди, и кој ќе стори сè за да го оствари тој сон. Филмот е направен според животните приказни на Зезе Ди Камараго и Лучиано, големите ѕвезди на бразилската фолк музика. ДВАТА СИНА НА ФРАНЦИСКО е најуспешниот филм во Бразил во последните дваесет години и имал заработувачка од 13 милиони долари ширум светот.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: Бесплатен влез

 

 

25 СЕПТЕМВРИ (СРЕДА)

IN MEMORIAM: ВЕЧЕР ПОСВЕТЕНА НА СТЕФАН СИДОВСКИ – СИДО

 

 

 

26 СЕПТЕМВРИ (ЧЕТВРТОК) 18:00 Ч.

27 СЕПТЕМВРИ (ПЕТОК) 20:00 Ч.

КРИС ШВАЈЦАРЕЦОТ

(CHRIS THE SWISS)

Документарно-анимиран филм, Швајцарија, Хрватска, Финска, Германија

2018 г., 90 мин., црно-бел, блуреј

Режија и сценарио: Ања Кофмел (Anja Kofmel)

 

Време на војна во поранешна Југославија. Младиот швајцарски новинар Крис е пронајден мртов под необјаснети околности. На себе имал униформа на група меѓународни платеници. Режисерката Ања Кофмел е негова братучетка. Како дете, се восхитувала на овој згоден млад човек. Сега како возрасна жена, одлучува да ја истражи позадината зад неговата смрт. Преку комбинација на документарни и анимирани секвенци ќе се обиде да проникне во вистинската улога што Крис ја одиграл во овој воен конфликт.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

ФИЛМ ПО ИЗБОР НА ГЕТЕ ИНСТИТУТ

26 СЕПТЕМВРИ (ЧЕТВРТОК), 20:00 Ч.

 

КАФКАНИСТАН

(Kafkanistan  / After Spring Comes Fall)

Игран филм, Германија

2015, 89 мин., колор ДЦП

Режија: Daniel Carsenty (Даниел Карсенти)

Сценарио: Daniel Carsenty (Даниел Карсенти)

Улоги: Халима Илтер,  Сами Насер, Соња Полигкејт, Тамер Јигит, Мурат Севен, Асад Шварц, Марк Филипс (Halima Ilter, Sami Nasser, Sonja Polligkeit, Tamer Yigit, Murat Seven, Asad Schwarz, Marc Philipps)

 

Млада курдска жена по превирањата во „Арапската пролет“ пребегнува од Сирија во Германија. Кога пристигнува во Берлин почнува да гради нов живот во нелегални услови. Но, откако сириската тајна служба ќе ја лоцира, нејзините агенти ја присилуваат да работи како нивен кодош и да ги шпионира припадниците на сириската опозиција во Европа.

КАФКАНИСТАН е многу актуелен мрачен трилер. Филмот многу впечатливо покажува дека бегството од граѓанската војна не завршува со пристигнувањето во Германија и го поставува прашањето колку еден човек може да издржи притисок пред да ги издаде сопствените идеали.

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: Бесплатен влез

 

 

 

 

28 – 30 СЕПТЕМВРИ

ДЕНОВИ НА РУСКИ ФИЛМ ВО СОРАБОТКА СО „ЛЕНФИЛМ“

 

 

28 СЕПТЕМВРИ (САБОТА) 18:00 Ч.

РАЗВОД ПО СОПСТВЕНА ЖЕЛБА

(Развод по собственному желанию / Voluntary Divorce)

Игран филм, Русија

2015, 79  мин., Колор,  ДЦП

Режија: Илија Северов (Ilya Severov)

Сценарио:  Илија Северов (Ilya Severov)

Улоги: Константин Јушкевич, Наталија Суркова, Слава Коробицин ( Konstantin

Yushkevich, Natalya Surkova,  Slava Korobitsin )

 

Тренерот, поранешен тркач со велосипеди, Сергеј (Константин Јушкевич) и основачот на ланецот книжарници, Елена (Наталија Суркова), се заедно дваесет години. Неочекувана брачна расправија се заканува да прерасне во развод. Сергеј одлучува да започне одново и заминува од дома, не сомневајќи се дека животот може драматично да се смени за само неколку часа. Неверојатните авантури во кои е вклучен најдобриот пријател (Јуриј Галцев) и лудите ситуации со најблиските ќе ја тестираат силата на семејната врска на Сергеј и Елена. Филмот  РАЗВОД ПО СОПСТВЕНА ЖЕЛБА  е воедно и драма и комедија. Сниман е традицијата на „доброто старо советско кино“, во кое гледачот е принуден безусловно да сочувствува со хероите.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: Бесплатен влез

 

 

28 СЕПТЕМВРИ (САБОТА) 20:00 Ч.

ЧОВЕК АМФИБИЈА

(Человек-амфибия / Amphibian Man)

Игран филм, Русија

1962, 96  мин., Колор,  ДЦП

Режија: Владимир Чеботарев, Генадиј Казански (Vladimir Chebotaryov,  Gennadiy Kazanskiy )

Сценарио:  Акиба Голбурт (kiba Golburt  )

Улоги: Владимир Коренев, Анастасија Вертинска, Михаил Козаков (Vladimir

Korenev, Anastasiya Vertinskaya, Mikhail Kozakov )

 

Рибарите од Буенос Аирес и ловците на бисери се исплашени од мистериозното морско чудовиште. Никој не знае што точно е тоа, а всушност се работи за синот на д-р Славатор. Човекот со бели дробови и жабри на ајкула се вика Ихтиандер – резултат на смелите експерименти на д-р Салватор со трансплантација на органи. Ихтиандер е слабо запознаен со луѓето и цивилизацијата – пораснал во куќата на неговиот татко и на море, негови пријатели се делфините. Еднаш, Ихтиандер здогледува девојче како се дави во морето и го спасува од смрт. Оваа минлива средба го менува животот на младиот човек. Тој за прв пат излегува во градот и таму ја наоѓа шармантната Гутиер, која не знае кој е нејзиниот вистински спасител. Помеѓу младите се појавуваат чувства. Сепак, таткото на девојчето, Балтазар, инсистира таа да се омажи за Зурита (кого девојчето го смета за свој спасител). Гутиер се спротивставува, но конечно се предава, верувајќи дека Ихтиандер, кој се фрли во морето пред нејзините очи, се удавил, а вистински нејзин спасител е Зурита.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: Бесплатен влез

 

29 СЕПТЕМВРИ (НЕДЕЛА), 19:00 Ч.

ХАМЛЕТ

(Гамлет / Hamlet)

Игран филм, Советски Сојуз

1964 г., 140 мин., црно-бел, ДЦП

Режија: Григори Козинцев (Grigori Kozintsev)

Сценарио: Григори Козинцев, Борис Пастернак, Вилијам Шекспир (Grigori Kozintsev, Boris Pasternak, William Shakespeare)

Улоги: Инокентиј Смоктуновски, Михаил Названов, Елза Раѕина (Innokentiy Smoktunovskiy, Mikhail Nazvanov, Elza Radzina)

 

Хамлет, принцот од Данска, се враќа дома и открива дека татко му е убиен од чичко му Клавдиј, кој го презел тронот и се оженил со мајка му. Хамлет е вознемирен, го прогонуваат духови и е крајно нестабилен.

Григори Козинцев бил член на руската авангардна група „Фабрика на ексцентрични актери“, која била блиска со дадаизмот и футуризмот. Во 1923 г. требало да ја изведат пантомимата „Хамлет“, но не успеале во тоа и Козинцев се насочил кон кинематографијата. Сепак, се навраќа кон театарот и во 1941 го поставува „Кралот Лир“, а во 1954 „Хамлет“. Посветеноста на Козинцев кон Шекспир се гледа и во тоа што напишал книга на таа тема: „Шекспир, време и совест“. Уште при самото појавување, филмот се стекнува со големи пофалби и на Исток и на Запад. Западњаците ја подвлекуваат музиката на Шостакович како алтернатива на фактот дека филмот е снимен според рускиот превод на Пастернак и на руски јазик, а и славниот Питер Брук има главно поволни мислења за филмот и ја истакнува потрагата на Козинцев кон суштината на пиесата. Филмот има освоено Специјална награда во Венеција.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: Бесплатен влез

 

30 СЕПТЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 18:00 Ч.

ДАМАТА СО КУЧЕТО 

(Дама с собачкой / The Lady with the Dog)

Игран филм, Русија

1960, 83  мин., црно-бел,  ДЦП

Режија: Јосиф Хеифитс (Iosif Kheifits)

Сценарио:  Јосиф Хеифитс (Iosif Kheifits)

Улоги: Ија Саввина, Алексе Баталов, Нина Алисова(Iya Savvina , Aleksey Batalov, Nina Alisova)

 

Во деветнаесеттиот век во приморскиот град Јалта, Димитри Гуров, граѓанин од високата

класа, ја запознава Ана Сергејовна додека го шета нејзиното куче. Двајцата имаат несреќни

бракови: Димитри е во брак од интерес, склучен од страна на неговото семејство додека бил

на колеџ, додека Ана била мажена за лакеј од љубов, која повеќе не постои, и започнуваат

љубовна врска. Кога Ана се враќа во Саратов и Димитри во Москва, тој има здодевен живот

дома, го минува времето работејќи и одејќи во клубот за да пие и да игра карти со пријателите. За

Божиќ, Ана му недостига на Димитри и тој ја лаже жена си дека мора да оди на службено

патување  во Санкт Петербург. Меѓутоа, тој патува во Саратов и ја сретнува Ана во операта сосопругот. Нивната љубов се распламтува и Ана му ветува дека ќе се сретнат во Москва. Во време

кога разводот е незамислив, Ана и Димитри се проколнати да се среќаваат во хотелски соби.

Филмот бил прикажан во Кан во официјалната селекција.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: Бесплатен влез

 

 

30 СЕПТЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 Ч.

НАЧАЛНИККОТ ЧУКОТКИ

(Начальник Чукотки)

Игран филм, Русија

1967, 66  мин., црно-бел,  ДЦП

Режија: Виталиј Мелников (Vitaliy Melnikov)

Сценарио:  Владимир Валутски, Виктор Викторов (Vladimir Valutskiy, Viktor Viktorov)

Улоги: Михаил Кононов, Алексеј Грибов, Генадиј Данзанов (Mikhail Kononov, Aleksey

Gribov,  Gennadiy Danzanov)

 

Дејствието на филмот се одвива во 1922 година. Комесарот на Ревкомовски, Алексеј Михајлович Глазков, кој добил мандат од Советската влада да управува со областа Чукотка на Далечниот Исток, и младиот службеник Алјоша Бичков, кој го придружува, патуваат со тим кучиња до селото Ујгунан. На патот, Глазков умира од тифус, а Алјоша го погребува. И покрај смртта на Глазков, тој стигнува во Ујгунан, каде го пречекува поранешниот царински службеник Крамов. Откако го примил Алјоша, лукавиот Крамов, тајно испитувајќи ги работите што ги донесол Алјоша, го наоѓа мандатот на Глазков и смета дека Алјоша е Глазков. Младиот патриот завршува во Чукотка веднаш по граѓанската војна каде има намера да ги шири идеите за правдата и еднаквоста меѓу локалните граѓани, но наместо тоа ги стекнува локалните капиталистички навики.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: Бесплатен влез

 

 

1 ОКТОМВРИ (ВТОРНИК), 18:00 Ч.

ЖЕНИДБА

(Женитьба)

Игран филм, Русија

1977, 99 мин., Колор, ДЦП

Режија: Виталиј Мелников (Виталий Мельников)

Сценарио: Виталиј Мелников, Николај Гогољ ( Виталий Мельников, Николай Гоголь)

Улоги: Светлана Киручкова, Алексеј Петренко, Олег Борисов, Владислав Стржелчик (Светлана Крючкова, Алексей Петренко, Олег Борисов, Владислав Стржельчик)

Подлегнувајќи на убедувањето на неговиот пријател Кочкарев, средовечниот советник во судот Подколесин, се сплеткал со зрелата девојка Агафија Тихоновна, ќерка на трговец. Во последен момент, откако поминал низ болен период на дружење и донесување на одлука за свадба – младоженецот решава да избега од венчавката, скокајќи низ прозорецот…

Филмот е сниман според класичниот расказ „Женидба“ на Николај Васиљевич Гогољ.

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: Бесплатен Влез

 

1 ОКТОМВРИ (ВТОРНИК), 20:00 Ч.

ДВАЕСЕТ ДЕНА БЕЗ ВОЈНА

(Двадцать дней без войны / Twenty Days Without War)

Игран филм, Русија

1977, 101 мин., црно -бел, ДЦП

Режија: Алексеј Герман (Aleksey German)

Сценарио: Константин Симонов ( Konstantin Simonov)

Улоги: Јудмила Гурченко, Алексеј Петренко ( Yuriy Nikulin, Lyudmila Gurchenko, Aleksey Petrenko)

За време на 20-дневниот одмор, воениот дописник Лопатин патува со воз до далечниот град Ташкент. Многу е далеку од фронтот, но се чини дека војната е присутна во умовите на луѓето дури и таму. Дописникот патува таму за да се сретне со семејството на загинат војник и да го посети филмскиот сет од адаптацијата на неговите приказни од војната. Лопатин покрај тоа успева да прошета низ улиците на Ташкент, да учествува на состанок на фабрички работници и да има кратка љубовна врска. Иако нема бомби и борби во атмосферата се чувствува војната.

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: Бесплатен влез

 

2 ОКТОМВРИ (СРЕДА), 18:00 Ч.

ВЉУБЕН ПО СОПСТВЕНА ЖЕЛБА
(
Влюблён по собственному желанию / Enamored by own Accord)

Игран филм, Русија

1982, 89 мин., Колор, ДЦП

Режија: Сергеј Микаелјан (Sergey Mikaelyan)

Сценарио: Сергеј Микаелјан, Александар Васински ( Sergey Mikaelyan, Aleksandr Vasinsky)

Улоги: Олег Јанковски, Евгенија Глушенко, Всеволд Шиловски (Oleg Yankovskiy, Evgeniya Glushenko, Vsevolod Shilovskiy)

 

Животот по некоја случајност спојува двајца луѓе. Поранешен спортист и шармантниот, но сиромашен млад човек Игор, и библиотекарката Вера, навидум непривлечна, но срдечна девојка, која доживеала многу разочарувања, склучуваат договор да се заљубат по пат на авто-тренинг. Меѓутоа, и покрај тоа што целата работа не успева, тие искрено се заљубуваат и без авто-тренинг.

Во филмот доаѓа до израз реалноста на доцниот Советски сојуз со неговите неатрактивни страни – црн пазар, пијанство, растечки скептицизам и разочарување од идеалите.

Актерката Евгенија Глушенко ја освои наградата „Сребрена мечка“ за надобра женска улога на Филмскиот фестивал во Берлин 1983.

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: Бесплатен Влез

 

2 ОКТОМВРИ (СРЕДА), 20:00 Ч.

ЗВУЦИТЕ ОД СТАРИТЕ ЅИДОВИ

(Голоса в старых стенах)

Документарен  филм, Русија

2019., 60 минути Колор,  ДЦП

Режија: Александар Позњаков (Alexander Pozdnyakov)

Сценарио:  Александар Позњаков (Alexander Pozdnyakov )

Улоги: Виталиј Аксенов, Игор Масленикнов, Виталиј Мелников, Сергеј Селјанов, Александар Сокуров ( Vitaly Aksenov, Igor Maslennikov, Vitaly Melnikov, Sergey Selyanov, Alexander Sokurov)

 

Документарен филм кој раскажува за сите главни историски пресвртници на филмското студио „Ленфилм“. Познати актери, режисери и продуценти  се сеќаваат на „златната ера“ на „Ленфилм“ и  прераскажуваат смешни и тажни приказни кои се случиле во тоа студио .  Прикажани се и пробите на Театарската академија на Моховаја, каде се обучувала новата генерација актери. Ова е гротескен филм кој комбинира тажни и смешни сцени, носталгични спомени од убавите времиња на тивкото и убаво кино.

 

Возрасна категорија: 12 години
Влезница: Бесплатен влез

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.