Уште една сказна од проектот „Светот на Биби” од синоќа им се придружи на сказните на омилената раскажувачка на децата – Биби. Станува збор за „Боби и волшебниот молив”, која веќе привлече големо внимание на јутјуб-каналот „Биби/Bibi”.

Си биле Боби, Биби и еден голем волшебен молив. Моливот умеел да зборува. Му побарал помош на Боби и му ветил дека ќе му исполни три желби. Од моливот излегол еден смешен џин, кој му станал пријател на Боби – ова е дел од четвртата приказна од проектот „Светот на Биби“.

На приказната работеа режисерот Гоце Цветановски, креативен директор е Михајло Димитриевски-Тхе Мичо, а улогите ги толкуваат актерите Слаѓана Вујошевиќ и Сашко Коцев.

Детската публика од минатата недела ја има апликацијата „Светот на Биби“, која претставува колекција на едукативни и забавни игри. На интересен начин децата можат да ги учат буквите, да слушаат правилен говор.

Тимот на „Светот на Биби“ периодов ја привршува и боенката на Биби, од која децата ќе можат да научат и како се создаваат боите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.