На Влашките гробишта во Битола, на вечното почивалиште на Милтон Манаки, на 5 март беа одбележани 55 години од смртта на Милтон Манаки. Почит одадоа заменик градоначалничката Емилија Костурски, претставници од советот на Општина Битола, како и други делегации.

SONY DSC

Денешниот ден е спомен на уште еден голем јубилеј, кој означува 40 години од раѓањето на идејата за почеток на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки”.

На овој ден се роди идејата за организирање на фестивал во чест на Браќата Манаки. После церемонијата која беше одржана на Влашките гробишта 1979 година, заедно со делегацијата која учествуваше на чествувањето, отидовме кај тогашниот претседател на Општината Битола и падна одлуката, Битола да биде домаќин на еден фестивал, или одредена манифестација, која ќе биде се со цел да се вреднува делото на Браќата Манаки. Така, се роди првиот фестивал на филмската камера, кој најпрво беше како собир на филмските сниматели, за денес да го имаме големиот фестивал на Браќата Манаки, познат низ целиот свет. Денес е и роденден на Фестивалот на Браќа Манаки, изјави Стевче Хаџиантоновски, Комуна на Власите – Армните „Браќа Манаки” – Битола.

ИФФК Браќа Манаки, големата фотодокументација зачувана во историскиот архив во Битола, филмската документација, која што се чува во Кинотека на Македонија, како и ФАДФ Камера 300 се дел од активностите преку кои, се вреднува и континуирано се негува ликот и делото на Браќата Манаки.

 

извор:Тера.тв

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.