Ангелот од Курбиново е конзервиран. Во тек е конзервацијата на ѕидното сликарство, едно од најретките од византиската уметност во светски рамки, во цркавата „Св.Ѓорги“, напиша на својот фејсбук профил министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Високопрофесионалната конзервација на фрескоживописот на црквата „Св.Ѓорги“, се одвива во соработка помеѓу Завод и Музеј-Битола и реномираниот Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици од Солун.

Оваа соработка, прва на институционално ниво помеѓу колегите од двете земји, ни овозможи долгорачна заштита на еден од најзначајните споменици на културата од византискиот период.

Добиваме резултати, по интензивни вложувања во изминативе 5 години, и достигнувања кои се вредни за меѓународната стручна и домашна јавност. Со ваквиот приод на заштита продолжуваме со афирмација на македонското културно наследво во светот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.