Београдското драмско позориште вечерва со почеток во 20 часот ќе ја изведе „Диво месо“, во Драмски театар во Скопје.

„Диво месо“ е по текст на Горан Стефановски, а претставата ќе биде во режија на Јагош Марковиќ. Настапот на театарот е дел од фестивалот на Регионалната унија на театри Група Триглав, во која членуваат и Камерни театар 55 од Сараево, театар Улисис од Загреб, Месно гледалишче од Љубљана и Градско позориште од Подгорица.

Улогите во „Диво месо“ ги играат Јово Максиќ, Сандра Бугарски, Лука Грбиќ, Марко Тодоровиќ, Александар Вучковиќ, Андријана Ѓорѓевиќ, Љубинка Клариќ, Вања Ненадиќ, Павле Пекиќ, Стефан Радоњиќ, Милан Чучиловиќ, Јана Милосављевиќ и Александар Јовановиќ

Македонскиот режисер Александар Поповски ќе се претстави со „Хероини“, според Овидиј, а во изведба на Месно гледалишче од Љубљана. Таа се игра утревечер од 20 часот.

Билетите се распродадени за двете претстави.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.