Директорот на Скопскиот Џез фестивал, Оливер Белопета, преку фејсбук ги демантираше тврдењата на премиерот Зоран Заев дека од Скопскиот џез-фестивал не бил поднесе ни еден документ до Министерството за култура.

Белопета вели дека тоа што го изјави премиерот е комплетна лага и ја пренесува изјавата во која Заев вели: Смешно и трагично е да ви кажам дека ни еден документ нема доставено еден џез фестивал. Ни еден документ. Го молеа до последен момент. Еден документ, по процедура, по протокол, по се“.

На ова, Белопета на Фејсбук напиша:

„Секој поединечен искажан збор е неточен! Комплетна лага!

Не е мое да претпоставувам кој од неговите најблиски кабинетски соработници му пренесува вакви ‘информации’, иако притоа не би бил далеку од вистината“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.