Вечерва со почеток од 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ), во склоп на „Бела ноќ“ ќе се одржи ПМГ Рекордингс Фестивал 11.

Во МКЦ на два музички подиуми, ќе продефилираат некои од највозбудливите имиња на македонската музичка сцена. ПМГ Рекордингс е дискографска куќа со над 200 изданија на современа македонска музика и секогаш е доследна до високиот критериум за квалитет, кој го презентира во најдобро светло на својот годишен фестивал.

МКЦ Парк е резервиран за бендовскиот дел од програмата. Еден од најуспешните наши бендови во последниве 20 години, со 9 албуми и голем број хитови е секако ПМГ Колектив. На овој фестивал, тие ќе го претстават материјалот од најновиот албум „Fraternité“, но во исто време и новата постава од 8 члена ќе понуди сосем ново искуство во перципирање на музиката на овој состав. На истото место ќе ги проследиме и легендите на македонската џез-сцена Сетстат; добро познатата поп-дива Марија Каева со сосем нов материјал; Блекстејт во придружба на Дамјан Даневски и најново од алтернативната сцена – Луфтханза, кои внесуваат нова младешка енергија на сцената.

МКЦ Плато сцената е резервиран за електронска танц-музика, го гледаме деби-настапот во живо на електро дуетот Диџеј Магија, а со диџеј-сетови ќе се претстават: Дарко Јорданов, Нино Наумов, Божидар Видоески, Илина Ангел и DJ UX од фантастичното Амок Радио.

Влезот е слободен.
Настанот ќе биде организиран согласно акуелниот протокол за организирање настани на отворен простор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.