Продуцентскaта куќа „Аудиохаус“ информира дека долгометражниот игран филм „Барајќи ја Венера“ во режија на Норика Сефа, снимен во косовско-македонска копродукција, е селектиран и ќе се натпреварува во категоријата долгометражен игран филм на Интернационалниот филмски фестивал во Трст, Италија.
Филмот кој е дебитанско остварување на режисерката Норика Сефа беше препознаен од македонските продуценти и Агенцијата за филм на РСМ која го поддржа овој проект. Овој дебитански филм на режисерката Сефа, беше сработен и завршен во потспродукција и неговиот звучен дизајн од продуцентите во „Аудиохаус“ односно Игор Поповски и Дејан Крајчевски. Од косовска страна продуцент е Бесник Крапи, сценариото е на Сефа, додека кинематографер е Луис Армандо Артеага.
Филмот раскажува приказна за скромната тинејџерка Венера која живее во мало село на Косово. Во нејзиниот дом живеат три генерации, така што таа нема многу приватност. Надвор, на улиците и во кафулето, не е многу подобро: селото е мало и секогаш има брат, внук или сосед, кој внимава на неа. Од една девојка се очекува пред сè да ја заштити својата добра репутација – и тоа на нејзиното семејство…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.