Деветтото издание на поетскиот фестивал „Balkansko veče poezije“- ” Балканска вечер на поезијата”- Скопје. Кој ќе се одржи на 27 септември, во Дом на културата” Кочо Рацин”, Скопје, со почеток во 19:00 часот.
Вечерта ќе ја отвори г-ѓа Размена Чекиќ Дуровиќ, Државен секретар во Министерство за економија, Влада на Репоблика Северна Македоније и г-дин Роберт Алаѓозовски, Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, културен развој и меѓуресорска соработка во Владата на Република Македонија.
На деветтиот по ред поетски фестивал „Balkansko veče poezije“- ” Балканска вечер на поезијата”- Скопје, ќе земат учество поети и поетеси кои кога пишуваат светот околу себе го гледаат со отворени очи и со слободно срце. Од нивните поетски атари се излеваат стихови на нивиот мајчин јазик, но и на македонски јазик. Преку мостот воспоставен преку јазиците би го разбрале и почувствувале тоа што е излеано од нивните души на белите листови од хартија.
На Фестивалот ќе чуете стихови на македонски, албански, босански, турски, хрватски, ромски, влашки и српски јазик. Овие песни носат идеја за зближување на народите и поттикнување на соживотот, а со тоа сме ја постигнале и нашата главна цел за мултикултурната разноликост. Ова шаренило од јазици со мозаички поетски слики од афирмирани поети, се одржува По повод Меѓународниот ден на Бошњаците, во организација на Младинската културна асоцијација на Бошњаците -„Шадрван“. На овој настан секоја година учество земаат поетите од сите национални заедници што живеат под нашето македонско сонце.
Затоа, нека оваа ” Балканска вечер на поезијата”- биде поттик и за понатаму да се осознаеме едни со други, да ја почувствуваме љубовта и тагата на нашиот ближен, да ја споделуваме радоста и среќата и да се подготвиме за творечката сеидба на следните изданија.

Во склоп на оваа ” Балканска вечер на поезијата”- ќе биде промовирана и поемата „Зулија“, од Бајро Перва (БиХ), која е преведена на македонски јазик.
Ѕидовите на холот во Дом на културата” Кочо Рацин” ќе ги красат уметнички слики од сликари-аматери.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.