Од Опера и балет информираат дека балетската претстава „Лебедово езеро“ која требаше да се одигра на 29 февруари е откажана поради технички причини.

Почитувани љубители на балетската уметност, Националната опера и балет ве известува дека изведбата на балетската претстава „Лебедово езеро“ од П.И.Чајковски закажана за 29.02.2020 (сабота) со почеток во 20 часот, поради оправдани, технички причини, СЕ ОТКАЖУВА!

Сите оние кои веќе ги обезбедиле своите билети за таа изведба, можат да ги заменат со нови, за изведбата на истата претстава на 28.2.2020 (петок) или да одберат билети за претставите од редовниот репертоар на Националната опера и балет.

За дополнителни информации можете да не контактирате на 075 332 376 / 02 3109828

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.