Балетската претстава „Ла, ла, ла“ на 6 јуни ќе се одигра на малата сцена на НОБ со почеток во 21 часот.
Модерен балет за оние што сонуваат за среќа и едни времиња во кои живеевме, луѓето со кои сме ги споделувале тие мигови – ништо не може да го оживее тоа време, тоа сеќавање, тој живот освен една стара музичка миксана лента. Секоја миксана лента раскажува една приказна од различно време. Музиката е таа која не води на незаборавни патувања.
Кореограф: Саша Евтимова
Музика: Македонски евергрини
НАСТАПУВААТ ИСТАКНАТИ СОЛИСТИ, СОЛИСТИ И БАЛЕТСКИОТ АНСАМБЛ
ПРИ НОБ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.