Националната опера и балет ја најавува изведбата на балетската класика „Лебедово езеро“ – П. И. Чајковски на 28 февруари, со почеток во 20 часот.

Ода за моќта на љубовта! Класика која ја раскажува вечната борба помеѓу доброто и злото. Легендата за мистериозната лебед-жена е еден од најромантичните класични балети, и се карактеризира со многу елеганција, стил и хармонија. Со познатата, лирска мелодија на Чајковски, „Лебедово езеро“ ја отсликува трагичната љубов помеѓу принцезата Одета и принцот Зигфрид.

Ова универзално и волшебно ремек-дело на љубов, измама и драма не смее да се пропушти.
Во главните улоги настапуваат: Одета / Одилија настапува Марија Кичевска Шокаровска, Принцот Зигфрид е Васил Чичијашвили (Грузија), во улогата на Ротбарт е Балаж Лашеи (Унгарија), Па де троа: Саша Евтимова, Игор Веланоски, Христина Наќевска.
Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Диригент e Бисера Чадловска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.