Балетот во два чина „Ана Каренина“ со одбрана музика од рускиот великан Петар Илич Чајковски на сцената на МОБ на 8 февруари 2019, со почеток во 20.00 ч.

Преку современите кореографски решенија сoединети со класичен балет на Лео Мујиќ од Хрватска, минималистичка, но ефектна сценографија, прекрасните костими на Александар Ношпал, на сцената на Македонската опера и балет ќе видиме едно интересно визуелно, динамично и полно со страст балетско видување на познатиот роман „Ана Каренина“ на големиот руски писател Толстој.

Во повеќе од два часа, балетските уметници на МОБ, на чело со впечатливиот, емотивниот до исцрпување танц и инспиративните движења на Мими Поп Алексова-Атанасовска како Ана Каренина, Бобан Ковачевски како Вронски, Васил Чичијашвили од Грузија како гроф Каренин ќе ги пренесат сите емоции кои го означуваат ова дело: љубов, страст, омраза, лутина, гнев, љубомора, тага, мајчинска болка…

Моќна, динамична, емотивна…!

Од медиумите…

Со долг аплауз и стоечки овации, публиката искрено ѝ го честиташе успехот на екипата од балетската претстава „Ана Каренина“

„Модерната адаптација на познатата приказна за љубовта, страста, болката и жртвувањето, со современи и ефектни кореографски и режисерски решенија и со одбрана музика од Чајковски, ја направи хрватскиот кореограф Лео Мујиќ. Тој пред осум години ја поставил „Каренина“ во Хрватско народно казалиште во Загреб каде е прогласена за хит претстава.“ – СМАРТ СДК.МК (26 декември, 2018)

Моќна и емотивна изведба на „Ана Каренина“ во МОБ

„…Одличните танцови решенија, групните балетски сцени, со ставен акцент на емотивното претставување на ликовите во љубовниот триаголник (Каренина, Каренин и Вронски) и нивните меѓусебни односи, како и перфектната симбиоза на двата руски великана, Толстој и Чајковски, која лебдеше и ја исполнуваше атмосферата…сето ова публиката на крајот на балетската претстава го награди со долг аплауз и стоечки овации…“ – ВЕЧЕР – (26 декември, 2018)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.