Зоран Симјановиќ (75), познатиот српски композитор почина од компликации од ковид-19.

Тој беше автор на музиката на легендарните филмови „Специјално образование“, „Мирисот на полските цвеќиња“, „Национална класа“, „Течат деновите на Земјата“, „Се сеќаваш ли, Доли Бел“, „Татко на службен пат“, „Сок од сливи“ , „Маратонците го трчаат по почесниот круг“, „Балкан експрес“, „Вариола вера“, „Тајванска канаста“, „Јагоди во грлото“, „Собирен центар“, „Танго аргентино“ , „Вирџина“, „Беса“, „Буре барут“, „Тито и јас“…

Освен за филмови, Симјановиќ компонираше музика за ТВ-филмови и серии, театарски претстави, документарци и цртани филмови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.