Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска се сретна со авторите на филмот „Медена земја“, Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, продуцентот и монтажер Атанас Георгиев и кинематографот Самир Љума и уште еднаш им честиташе за значајниот успех.

Ви благодарам што нé направивте горди со освоените награди и номинациите. Вашите успеси се големи и ние како Влада донесовме повеќе заклучоци во однос на изразување признание за успесите и нивната реализација, рече Спасовски.

Medena zemja vo Vlada

На членовите на екипата на „Медена земја“ им соопштиле дека се планираат проекции филмот за сите средни училишта и универзитети во земјатаа тие, пак, заблагодарувајќи се ги изразиле своите ставови во однос на подобрување на условите на филмската кинематографија во нашата земја, давајќи предлози за поуспешно претставување на нашите филмови и фестивали на меѓународната сцена. Тие споменаа дека дел од успехот е и на кинематографот Фејми Даут, кој заради службени обврски беше отсутен.

Техничкиот премиер Спасовски на членовите на тимот им додели плакета како знак за признание за историскиот успех, а тие нему му пренесоа поздрави и тегла мед од производството на пчеларката Хатиџе Муратова еден од главните ликови на документарецот „Медена земја“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.