На Атиџе Муратова, одгледувачката на диви пчели во зафрленото овчеполско село Бекирлија и хероина во македонскиот документарен филм „Медена земја“ во Лос Анџелес најмногу ѝ се допаднал океанот, но едвај чека да се врати дома кај пчелите.

Денеска екипата на „Медена земја“ која сè уште е во Лос Анџелес, преку скајп одржа прес-конфренција за македонските новинари.

Најмногу ја сакам природата и едвај чекам да се вратам кај моите пчели дома. Никаде на светот нема таков мед како во Македонија. Инаку, не сакам да глумам, но сакам да продолжам да пеам, рече Атиџе, која утре се враќа во Македонија.

Јавноста во изминатиот период покажа големо интересирање за животот на Атина. Сите сакаа да го снимат домот на Атиџе, да чујат што има да каже, да ја прашаат за нејзиното искуство додека се снимаше документарецот кој влезе во историјата на Оскарите како единствен документарен филм кој добил номинација за најдобар интернационален филм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.