Досега најстарата отриена неолитска населба во Македонија, археолошкиот локалитет Влахо на границата со Грција во Пелагонија, е оштетена при работите на ископување на јаглен од блискиот рудник „Живојно“, алармираа археолози.

Годинава властите, поради енергетската криза и потребата за поевтин домашен јаглен за производство на струја во РЕК „Битола“, одлучија да почнат да експлоатираат од рудникот „Живојно“, кој го работи државната компанија Електрани на Македонија (ЕСМ).

На веб-страницата на ЕСМ пишува дека „во моментов, во фаза на изработка е главен рударски проект за отворање, разработка и за експлоатација на јагленот од наоѓалиштето „Живојно“ со јамска технологија“

извор: Слободен печат



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.