На филмскиот фестивал во Берлин денеска рано, во 9 часот се одржа проекцијата на филмот „Господ постои, се вика Петрунија“ на македонската режисерка Теона Стругар Митевска, а подоцна прес конференција одржа екипата на македонскиот филм.

Според фотографиите и видеата кои мое да се видат на социјалните мрежи, забележлив е големиот интерес за приказната и за начинот на кој се снимал филмот, за идејата…од полната сала за прес конференции, и бројните новинарски прашања.

Присутните во еден момент со голем аплауз ја поздравија екипата на македонскиот филм на „Берлиенале“.

 

видео: Ана Василевска/ Фејсбук

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.