Ансамблот на Народниот театар од Битола, по четиринаесет дневната успешна турнеја во Кина, денес се врати дома. Со претставата „Детето сонува“ од Ханох Левин, во режија на Итаи Дорон гостуваше во Шангај и Пекинг и одигра шест претстави. Во Пекинг дури и по две изведби на ден. Претставите ги наполнаа театарските сали во Кина и ги погледнаа неколку илјади гледачи.

„Ова беше пекрасна турнеја во Кина, посветена на големиот јубилеј 75 години Народен театар Битола. Одигравме две претстави во Шангај, двете посетени од по 2500 гледачи од претстава. Имавме одличен прием, со многу интервјуа, фотографирања и делење автограми. Во Пекинг одигравме четири претстави, по две во еден ден, скоро исто посетени, малку во помал број со публика поради бројот на седишта. Но, исто наидовме на одличен прием, долги аплаузи и преубави критики. Ова беше уште еден голем настан на нашиот театар, уште едно навистина големо искуство за нашите колеги. И секако за нас најатрактивна беше непрекината кинеска традиција од 6000 години. Не може да се остане рамнодушен“, рече актерот Петар Горко за порталот Апла.мк.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.