Италијанскиот тенор Андреа Бочели потврдил дека бил позитивен за болеста Ковид-19, но и за тоа како успешно се опоравил од тоа, пренесува Variety.
Бочели ги потврдил овие информации пред болницата во Пиза, каде отишол да донира крв поради можниот третман со крвна плазма за лицата заболени со Ковид-19.
Тој објаснил дека дознал за болеста на 10. март и дека се чувствувал добро во тоа време. 61-годишникот истакнал дека нема сериозни здравствени компликации,а од сите можни симптоми, тој имал само малку покачена температура.

Имав среќа и лесно се опоравив, целата приказна беше завршена до крајот на март. Штом ме прашаа да донирам крв за истражување, одговорив ‘да!’. Според мое мислење, тоа е скромен, но важен придонес, рекол Бочели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.