Еден од најпознатите светски тенори, италијанскиот оперски пејач Андреа Бочели ќе пее на католички Велигден во празната катедрала Дуомо во Милано. Концертот ќе биде пренесуван на неговиот Јутјуб-канал.

Настапот треба да биде „симбол на љубовта, заедништвото и закрепнувањето во ерата на коронавирусот“, како што вели најавата.

Чест ми е и среќен сум што сум поканет од градот и од катедралата. Верувам во моќта на групната молитва. Верувам во Велигден. Тоа е универзален симбол на повторното раѓање коешто сега им треба на сите – и на верниците и на оние што не веруваат, вели славниот тенор.

Бочели ќе го придружува само катедралниот оргулист Емануел Вијанели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.