Театарската претстава „Аналфабет“ според Бранислав Нушиќ, режија Ѓорѓи Ризески, на репертоарот ќе биде изведена во петок, на 13 март, во 20 часот.

Во комедијата играат актерите на на Народниот театар во Охрид, Горан Стојаноски – во улогата на Максим Благадуша, Никола Тодороски – Митре П. Клатипатлак,  Стрезо Стаматовски – Румен Вујаклија и Адријана Билаловиќ Тодороска – Магдалена Лапајкоска – Дупева.

Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев.

Претставата не се препорачува за лица помлади од 14 години и во истата се користат пиротехнички средства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.