На репертоарот на Народниот театар Охрид при Центарот за култура „Григор Прличев“, во петок, 3 мај, ќе биде претставата “Аналфабет” – комедија според Бранислав Нушиќ, во режија на Ѓорѓи Ризески.

Во претставата играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Адријана Билаловиќ Тодороска. Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид.

Почеток 20.00 часот.

Претставата не е за лица помлади од 14 години и во истата се користат пиротехнички средства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.