На денешното собрание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ кое се одржа во Скопје, за нов претседател на Собранието на фестивалот е избрана д-р Ана Стојаноска, театролог и професор. Изборот на новиот претседател доаѓа откако собранието на Фестивалот констатира дека е изминат мандатот на досегашниот претседател, Катарина Коцевска-Хаџавасилева.

Како што изјави Стојаноска, главниот фикус ќе биде создавање фестивал според современите страндарди, фокусиран на домашната драма и новиот театар.

Благодарам на Собранието на Фестивалот што ме избра. Се надевам дека ќе имаме одлична соработка со сите театри. Главниот мој фикус ќе биде создавање фестивал според современите стандарди, фокусиран на домашната драма и на новиот театар. Со сериозен концепт и можност да се види каков театар создаваме денес, со програми што ќе го „оживеат“ театарскиот сјај и со грижа за театарското наследство, вели Стојаноска.

Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ е единствената национална театарска манифестација која го презентира театарскиот миг во земјава. Годинава,. во почетокот на јуни го одржа своето 56 издание.

Само во екот на пандемијата, во 2020 година, фестивалот не се одржа, а лани беше со променет термин – се одржа во октомври наместо во традиционалниот термин – првата недела во јуни. Со одлука на селектор, на фестивалот се презентира театарската продукција на професионалните македонски театри.

Годинава за најдобра беше прогласена претставата „Народен непријател“ на Македонскиот народен театар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.