Ана Пандевска на својот фејсбук профил се осврна на проблемот со доделувањето сретства на Министерството за култура. Особено на ситуацијата со Фестивалот „Денови на македонска музика“. Таа пишува:

Сојузот на композитори на Македонија е здружение старо 70 години. Членовите се композитори и музиколози кои се обидуваат да го подигнат нивото за тоа што значи уметничка музика, како и да ги подигнат естетските вредности кај публиката. Денови на Македонска музика е фестивал со традиција каде наши композитори од областа на сериозната музика ги претставуваат своите најнови композиции но и каде генерацијата од постарите композитори се застапени со дела, со цел да се одржи традицијата и да не се заборави што твореле имињата како: Тодор Скаловски, Трајко Прокопиев, Властимир Николовски, Гоце Коларовски, Томислав Зографски…. Да не ги редам сите. На овој фестивал гостуваат композитори од странство, па можеме да чуеме и што е композиторски тренд во светски рамки. Тоа што државата не го поддржува ова здружение е срам за се она што овие автори направиле, а новите сега прават. Да не заборавиме дека и химната на државата е дело на еден од членовите од ова здружение. Првата опера, првото симфониско дело, камерно дело како и новите авангардни композиции кои ги создава младата генерација композитори. Како и да е, некој треба да се замисли за третманот на ова здружение и да се изнајде решение. Зошто наскоро ќе останеме без македонско музичко творештво и презентација на истото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.