На 20 мај, со почеток во 20.30 часот, на платото пред Националната опера и балет со видео на отворено ќе биде прикажана „Ана Болена“ од Доницети во изведба на Виенската државна опера, по повод 150 години од нејзиното основање.  

Диригент е Евелино Пидо, а режија на Ерик Џеновезе.

Гаетано Доницети со премиерната изведба на Aнa Болена во 1830 година во Милано постигна  триумф од невидени размери. Делото, кое е препознатливо по изобилството мелодии и привлечна музичка драматика, успеа во краток временски период да биде вклучено на репертоарот на безброј оперски куќи, ширум светот. Има причина зошто главните улоги  – англиската кралица Ана Болена која паѓа во немилост на својот сопруг, нејзината дворска дама и нова љубовница на кралот  Џејн Симор, Хенри VIII и лордот Перси до ден денес се на листата најпосакувани улоги на многу врвни оперски пејачи.  Во април 2011 година, оваа како една од водечките белканто опери беше за прв пат  изведена во Виенската државна опера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.