Зборовите се како чуда, само со нив мора да бидеш внимателен, умешен и нежен, вели Милан Јазбец, писател и актуелен амбасадор на Република Словенија во Македонија.

Промоцијата на книгата „Виножито зад душата“ е издание на „Магор“ од Скопје, а ќе биде претставена вечерва со почеток во 20 часот во галерискиот простор на Младинскиот културен центар.

Писателот Милан Јазбец, кој е наедно актуелен амбасадор на Република Словенија во Македонија, со префинет, лирски стил во изразувањето, вешто ги плете боите на виножитото во душата на главниот лик на оваа приказна – стариот и искусен словенечки дипломат, кој е наедно и познат писател, номиниран за Нобелова награда за книжевност.

Тој ја сака и ја брани својата татковина далеку од неа, со сета своја интелектуална храброст и моќ, со сета емотивност и култура, со максимален напор да се разбере и сака другиот… Во целиот свој дотогашен живот, главниот лик сите свои искуства и кризи успешно ќе ги надминува со својот постојан modus vivendi – пишувањето и станува и автор на бестселер и добитник на Нобеловата награда…“ „Виножито зад душата“ е роман што не се пропушта. Роман кој дури ќе посакате да го прочитате по втор пат, ќе рече академик Луан Старова во предговорот на македонското издание на овој роман

Промотори на книгата ќе бидат проф. Луан Старова и Ермис Лафазаназовски, со музички настап на дуото ВИОХАРФ: Ерхан Шукри (виолина) и Мерсиха Шукри (келтска харфа)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.