По шест години реконструкција и потрошени 9 милиони евра, Албанскиот театар во Скопје ќе биде отворен напролет. Одговарајќи зошто Албанскиот театар сè уште не започнал со работа, министерката за култура, Ирена Стефоска рече дека единствената причина е пандемијата.

Зградата требаше да се пушти во употреба во 2018 година, во време на мандатот на Асаф Адеми како министер за култура, но тоа не се случи. Лани покривот почна да капе. За реконструкцијата на зградата има и процес од страна на истражните органи, а со случајот се занимаваше и поранешното СЈО.

Зградата почна да се реновира во јануари 2014, и тогашниот премиер Никола Груевски и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, најавија дека ќе биде готов до септември 2015 и ќе чини 8 милиони евра. Во 2015, фирмата изведувач „Ламоне Мореда“ од Италија банкротираше и обврските ги презема „Шенције“ исто така од Италија.

Театарот претходно беше сместен во просториите на Театар Комедија, каде ја делеа сцената заедно со Комедија и со Турски театар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.