Се надевам дека ќе се отстранат мерките на превенција и постепено ќе го доближиме Стоби пред се до домашната публика, имајќи предвид дека странските посетители кои се доминантни во Стоби ќе бидат реткост годинава. Позитивниот аспект од оваа состојба е тоа што годинава може да ја искористиме за подобрување на туристичките капацитети на Стоби, со што следната година ќе бидеме поспремни за туристи, вели директорот на НУ “Стоби“ Спасе Перовски за весникот Вечер.

Пандемијата на ковид-19 ја забави или целосно ја сопре реализацијата на проектите од годишната програма на сите национални установи од областа на културата без исклучок, а таков случај е и со најголемиот археолошки локалитет во нашата држава НУ „Стоби“, кој во моментов е затворен за посетители, а активностите на теренот ќе чекаат подобри времиња. Сепак како што вели директорот на оваа установа Спасе Перовски и покрај финансиските проблеми кои ги предизвикува состојбата со корона вирусот убеден е дека штом ќе се прекинат рестриктивните мерки ќе започнат активностите на теренот, а предвидените проекти ќе успеат да ги реализираат до крајот на годината.

Целиот текст овде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.