На покана на European Film College во Данска, како поранешен студент на овој колеџ, Бистра Георгиева од МЕДИА Деск МК заедно со Ене Катрин Размусен од МЕДИА Дескот во Данска одржаа предавање пред сегашните студенти за можностите кои им ги нуди Креативна Европа МЕДИА по завршувањето на колеџот.

За време на Берлинскиот филмски фестивал министерот за култура Асаф Адеми, директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија и раководителот на МЕДИА Деск МК Бистра Георгиева се сретнаа со првите лица на програмата Креативна Европа МЕДИА, Луциа Рикалдо од Европската Комисија и Харалд Третенбрејн од EACEA. На средбата се споделија македонските досегашни искуства и следните чекори во однос на МЕДИА. Според Третенбрејн, сите кинематографии што доаѓаат од малите земји треба да се фокусираат да обезбедат копродукции и на тој начин полесно ќе ја добијат поддршката од европските фондови. Дополнително, тој потенцираше дека потребно е да се обрне внимание на актуелните теми, да се задржи автентичноста на кинематографијата и таа квалитетно продукциски да се спакува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.