Актерите на Македонскиот народен театар (МНТ) кои играат во претставата „Галеб“ со која гостуваа во Пекинг, за среќа се вратија живи и здрави, без никакви здравствени тегоби. Екипата на МНТ минатата недела се врати од Кина од каде што почна да се шири коронавирусот.

Македонската актерска екипа била сместена на 2.000 километри од Вухан, жариштето на вирусот. На враќање за Македонија, актерската екипа, е скенирана на излез од аеродромите во Пекинг и Истанбул и немаат никакви симптоми на коронавирусот.

Екипата на МНТ гостуваше на 20. уметнички фестивал „Средба во Пекинг“, а претставата се играше на 21 јануари. Во претставата во режија на Нина Николиќ, играат Звездана Ангеловска, Никола Ристановски, Петре Арсовски, Емил Рубен, Благој Веселинов, Дарја Ризова, Дамјан Цветановски, Сашка Димитровска, Тина Трпкоска, Славиша Кајевски и Аксел Мехмед.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.