Граѓаните на општина Гевгелија кои се членови на библиотеката „Гоце Делчев“, од денеска имаат бесплатен пристап до стожерни дела од македонската литература создавана во текот на повеќе генерации.

Оваа акција иницирана од директорот Стефан Марковски опфаќа десетици наслови од македонската литература почнувајќи од македонските писатели и културни дејци од 19-от век (Жинзифов, Прличев, Џинот, Миладиновци итн.), до класиците објавувани од македонските писатели, драматурзи и поети од втората половина од минатиот век.

Некои од насловите вклучени во посебен фонд за оваа акција се: „Послание“ од Блаже Конески, „Црно семе“ и „Црвениот коњ“ од Ташко Георгиевски, „Црнила“ и „Вејка на ветрот“ од Коле Чашуле, „Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев, „Песни“ од Ацо Шопов, „Гоце Делчев“ од Ванчо Николески, „Поезија“ од Коле Неделковски, „Македонска крвава свадба“ од Војдан Чернодрински, „Зборник на народни песни“ од браќата Миладиновци, „Сердарот“ од Григор Прличев, „Бегалка“ од Васил Иљоски, „Песни“ од Ацо Караманов, „Она што беше небо“ од Владо Малески, „Песни за татковината“ од Никола Јонков Вапцаров, „Пиреј“ од Петре М. Андреевски, „Бели мугри“ од Кочо Рацин, „Крпен живот“ и „Раскази“ од Стале Попов итн. Покрај овие значајни дела за македонската литература, во акцијата се опфатени и книги на книжевно-историски теми од: Блаже Конески, Блаже Ристовски, Васил Тоциновски, Георги Сталев, Славчо Ковилоски итн.

Фондот од книги вклучени во акцијата е ограничен и е составен од нови и користени изданија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.