Академскиот кино клуб од Скопје слави 60 години од основањето, а просавата ќе се одржи во Кинотеката на Македонија, на 25 октомври (петок), со почеток во 20 часот. Во рамки на прославата ќе се одржи проекција на  првиот снимен филм од страна на членовите на клубот со наслов „Прв кавам камче“, како и проекција на повеќе кратки филмови направени од
страна на членовите на клубот низ 60 годишното постоење на АКК-Скопје.

Следниот ден во Кинотека на Македонија (20 ч), гостуваат филмските пријатели на АКК од ГФР  филм-видео клубот од Пожега, Хрватска, ќе претстават ревија од нивниот  Хрватски фестивал на едноминутни филмови. Овој фестивал секоја година  се одржува во градот Пожега во Хрватска, од 1993 г. до денес, и истиот  е со веќе стекнато реноме на кој учество земаат бројни филмски автори  од околу 50-тина земји од светот.

Влезот за двете вечери е слободен.

На прославата на 60 годишното активно постоење на  Академскиот кино клуб од Скопје ќе има ревијата од  Хрватскиот фестивал на едноминутни филмови.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.