Одборот за доделување на државната награда,,22 Ноември“ согласно Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди („Службен весник на РМ” бр.52/06,54/07,74/1299/18 и Сл весник на РСМ бр.98/19 ) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе Одлука за доделување на државната награда,,22 Ноември“ во 2023  за признание на луѓе од  политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Македонија кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Македонија.

Наградата се доделува за остварувања во областа на политичкиот, културниот и општествениот  живот во Република Македонија кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Македонија, наградата им  се доделува на: Агим Винца, истражувач и писател и Амет Селмани, писател.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 22 ноември 2023 година (среда ) во 12 часот во Собранието на Република Македонија.                                                                              

                                                 

                                                                                          



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.