Користењето на логото на Министерството за култура не е тенденциозно, туку напротив со намера за објективно информирање, со оглед на тоа што документот што се цитира е од оваа институција, (истиот документ е издаден на меморандум и со лого на Министерството за култура), се вели во соопштението кое ПР агенцијата Навигаторс го испрати во име на Агенцијата за филм.

Нивното соопштение околу логото не го менува фактот и не смее да ја потисне суштината, а тоа е: информацијата дека во Агенцијата за филм е утврдено дека нема конфликт на интереси по извршениот инспекциски надзор на Министерството за култура. Ви благодариме за вашето внимание и се надеваме дека конечно во јавноста ќе одекне вистината која се базира на документ, односно доказ, за правилно информирање на јавноста за работата на Агенцијата за филм“, се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.