Седумдесет и пет години Драмскиот театар живее и го чува духот на сите големи актерски имиња кои го полнеле храмот на уметноста со смеа, солзи, аплаузи, соопшти денеска вд директорката на театарот, Катарина Коцевска Хаџи Василева по повод утрешниот роденден на театарот.

Таа во честитката посочува дека 75-иот роденден не може да се прослави како што доликува, но со надеж и верба дека оваа празнотија во театарот е привремена, работат и чекаат својата енергија, талент и магија да ги споделат со оние на кои им е наменет театарот – публиката!

За жал не можеме да го наречеме среќен и да го прославиме на начин како што му доликува на Драмски: со сите актери на сцена, со цела техника, со полн салон, со аплауз. Но, со надеж и верба дека оваа празнотија во театарот е привремена, ние работиме и чекаме нашата енергија, талент и магија да ги споделиме со оние на кои им е наменет театарот – публиката!, посочува Коцевска Хаџи Василева.

Воедно, в.д директорката посакува сите следни родендени да бидат прославени со цел ансамбл и со полн салон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.