Во име на сите 40 членки (фоклорни ансамбли и фестивали), но и во име на сите фолклорни ансамбли кои функционираат во нашата држава, кои очекуваме да се приклучат кон оваа наша инцијатива, бараме финансиска помош од министерството за култура, вели Антонијо Димитровски, претседател на Сојузот на фолклорни ансамби на Македонија.

Поради актуелната ситуација со вирусот КОВИД 19, секторот култура е длабоко погоден, а воедно со тоа во огромен дел е отежнато функционирањето на фоклорните ансамбли, а се доведува во прашање и нивното опстојување. Заради тоа доставуваме неколку барања, кои се надевам ќе наидат на ваше одобрување и со истите ќе се надминат дел од проблемите со кои се соочуваат ансамблите, вели тој.

Тие бараат Министерството за култура, како и министерот Хусни Исмаили,да ги превземе следните активности:

Исплата во целост на одобрените средства по проектите добиени како дел од конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес за 2020 година заклучно со 31.05.2020 година – ова се однесува на проектите одобрени во дејност фоклор;
Овозможување на пренамена, односно искористување на средствата одобрени за проектите од секторот за меѓународна дејност и соработка во идната 2021 година, доколку фестивалите/настаните не се одржат заклучно со 31.12.2020 година;
Обезбедување на дополнителна финансиска поддршка на име функционирање на фолклорните ансамбли, заради што поради актуелната ситуација, истите губат средства кои за месеците март/април и најверојатно мај, односно до конечно укинување на вонредната состојба, би ги добивале по основ на членарина од членовите на ансамблите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.