„Последната лента на Крап“, од Семјуел Бекет, во продукција,  режија и изведба на Ѓорѓи Јолевски, ќе се одигра по јубилеен 25-ти пат, на големата сцена на Македонскиот народен театар.

„Последната лента на Крап“ е создадена во екот на пандемијата со премиерна изведба на 30 декември 2020 година. Изведена е седумнаесет пати на матичната сцена, а имаше седум изведби на интернационални фестивали во земјава и во странство: Загрепскиот фестивал на монодрама во Хрватска, „Бефемон“ во Србија, 30-годишен јубилеј на македонска култура во Словенија, МОТ, Скопско лето, ИФАД „Стоби“ и Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола. Наградена со гран при на ИФ на монодрама во Битола и награда за режија на истиот фестивал – велат од МНТ.

25-та изведба е закажана за вечерва (30.11.2022), со почеток во 20 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.