Саемот на книга оваа година го посетија 20.000 посетители кои максимално ги почитуваа сите протоколи за спречување на ширење на коронавирусот. На саемот оваа година се претставија македонските издавачки куќи, а во рамките на сите саемски денови беа организирани 32 промоции на нови изданија од страна на македонските издавачи. За време на саемот се доделија и наградите од Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), како и наградите од Здружението на издавачите и книжарите на Македонија (ЗИКМ).

Им се заблагодаруваме на сите изложувачи и посетители за доследното почитување на мерките за безбедност во време на пандемија. На некој начин сите помогнаа во одличната и безбедна организација на настанот. Овој концепт на саеми, користејќи ги капацитетите на A1 арена С.Ц. Борис Трајковски – се покажа како успешен, со оглед на комплетната инфраструктура со која располага центарот“. Истовремено најавуваме и организација на други настани и саеми, согласно сите протоколи на организација“– изјави Сања Кондарко – Оперативен директор на Саем на книга.

Саемот е организиран од страна на Глобал Медиа Гроуп, и е поддржан од Министерството за култура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.