На годинашното издание на Саемот на книга кое по втор пат беше на отворен простор во комплексот на А1 Арена – СЦ Борис Трајковски дошле 15 илјади посетители.
На саемот се претставија над 60 изложувачи, се организираа бројни промоции на нови изданија и автори во Промотивниот центар и на штандовите на издавачите. За време на саемот на книга, се доделија и наградите од Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), како и наградите од Здружението на издавачите и книжарите на Македонија (ЗИКМ).

Саемот е поддржан од Министерството за култура на Македонија и Град Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.