На 20 август, во Хотел Арка, Скопје, ќе започне со работа 14. Меѓународна ликовна колонија “СКОПЈЕ” која ќе трае до 30 август.

Меѓународната ликовна колонија Скопје се одржува по четиринаесетти пат и е во организација и реализација на Музеј на Град Скопје и Хотел Арка, под финансиско покровителство на Град Скопје.

На овогодишното издание учествуваат 10 извонредни автори, ликовни уметници од цел свет. Оваа година имаме посебна чест и задволство да им бидеме домаќини на следните учесници, секој оригинален и посебен според сликарската техника и стилската определба: Маја Рауник Кирков, Маја Стефановска, Трајче Чатмов, Христијан Санев, Филип Фидановски, Скендер Бедриу, Ипек Денизли, Мариана Абрамова, Зузана Ардо и Кацпер Дудек, велат организаторите.

Уметниците ќе ги создаваат своите дела во прекрасниот и инспиративен амбиент на Хотел Арка, сместен во срцето на Старата скопска чаршија. Делата создадени на оваа Колонија ќе бидат изложени во рамките на манифестацијата на Град Скопје за одбележување на Денот на ослободување на Скопје, 13-ти ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.