Под мотото „Прво леб, па морал“ синоќа во Битола започна 14. АКТО ФЕСТИВАЛ ЗА СОВРЕМЕНИ УМЕТНОСТИ ОПШТЕСТВО ВО ИЗГРАДБА, тема која веќе втора година ја обработува овој фестивал, а денес во рамките на Центарот за култура во Битола во просторот каде некогаш постоела уметничка галерија, од АКТО го поставија прашањето „За галерија шо прајме?“, односно каква уметничка галерија ни е потребна. Програмата во деновите додека се одвива Акто во градот, со повеќе перформанси, на различни локации ќе се претстават повеќе уметници.

Оваа година АКТО ја отвора темата „Каква уметничка галерија ни треба во Битола? Целта е да се најдат креативни механизми и да се прикажат проблемите со кои тековно се соочуваат уметниците, младите и воопшто граѓаните на Битола. За жал во моментов Битола нема галериски простор и затоа треба да се создадат услови за што побрзо отворање. Градот во минатото сепак имал значајни и квалитетни галериски простори, беше нагласено на презентацијата на уметникот Владо Ѓоревски.

Во периодот до 31 август во Битола ќе биде понудена богата уметничка програма, анализа на идејата за реконструкција на Офицерски дом и каков Офицерски дом е потребен, а учесниците дел од своите креативни идеи и содржини ќе презентираат и во Скопје, односно на Меѓународниот аеродром „Скопје“.

Во рамки на фестивалот, утревечер на сцената на НУ Народен театар-Битола премиерно ќе биде одиграна претставата „Приказна за окото“ во режија на Мартин Кочовски, која не е наменета за лица под 18 годишна возраст.

После програмата предвидена за Битола, фестивалот АКТО продолжува во Скопје, каде од Битола е огранизиран т.н. АКТО воз кој бесплатно ќе ги превезува Битолчани кои сакаат да присуствуаат и таму. А во Битола деновиве за време на АКТО ќе има театар, иницијатива за галериски простор, како и оспособување на магацин во Железничката станица во Битола кој ќе биде наменет за журки со цел збогатување на ноќниот живот во градот.

Уметникот Иван Дургутовски постави и своја видео изложба на видео бим во некогашниот галериски простор при Центар за култура – Битола, а исто така го дизајнирал и целиот визуелен идентитен на 14. издание на АКТО.

Владо Ѓоревски зборуваше за историјатот на оваа некогашна галерија, како и за архивирањето на каталозите од овој простор, но и за важноста за уметноста во Битола.

Целата програма може да ја видите подолу:

III 29.08.2019 четврток III

>10:00 – 14:00 – АКТО ЗА ЗАЕДНИЦАТА – АКТО КЛУБ НА МЛАДИ
Локација: АКТО галерија во НУ Центар за култура Битола (поранешна галерија, до репертоарот на НУ Народен театар – Битола)
Работилница за изложба sLOGan
Заеднички проект на Бојана Исијанин и Ана Џима (МК)

> 12:00 – AKTO УМЕТНИЧКА ПРОГРАМА
Локација: АКТО галерија во НУ Центар за култура Битола
Каква галерија ни треба?
Проект на ФР~У во соработка со Никола Славевски (МК)

> 12:30 – AKTO УМЕТНИЧКА ПРОГРАМА
Локација: АКТО галерија во НУ Центар за култура Битола
Капитал, видеа на Иван Татарчев Дургутовски (МК)

Отворање и коктел

> 17:45 – АКТО ЗА ЗАЕДНИЦАТА
Локација: Телевизија ТЕРА
АКТО АГОРА – Граѓаните за јавното добро – граѓаните за Офицерски дом. Каков Офицерски ни треба?
Премиера – Емитување на дискусијата одржана на 12. АКТО Фестивал на 2 септември, 2017 година

> АКТО УМЕТНИЧКА ПРОГРАМА
> 19:00 Локација: Меѓународен аеродром Скопје, akto.festival (Facebook), aktofestival (Instagram, Twitter)
Разместени жени?Резултат #2: Држејќи го знакот Разместени жени?, проект на Тања Остојиќ (ДЕ)

> 19:30 Локација: повеќе телевизиски станици во Скопје и Битола, akto.festival (FB), aktofestival (Instagram, Twitter)
Просјачење, проект на Синиша Лабровиќ (ХР)

> 20:00 Локација: АКТО галерија во НУ Центар за култура Битола
Laissez-Passer / Laissez-Tomber, предавање – перформанс на Persefoni Myritsoy (ГР)

> 21:00-01:00 – АКТО МУЗИКА
Локација: кафе бар „Радост“
Seine(ХР)
Виолета Качарова (МК)
Мирко Попов (МК)

> 01:00 After party во соработка со мезе – бар Јагода
Локација: Железничка станица магацин

III 30.08.2019 петок III

> 10:00 – 14:00 – АКТО ЗА ЗАЕДНИЦАТА – АКТО КЛУБ НА МЛАДИ
Локација: АКТО галерија во НУ Центар за култура Битола
Работилница за изложба sLOGan
заеднички проект на Бојана Исијанин и Ана Џима

> 12:00 – 19:00 – АКТО УМЕТНИЧКА ПРОГРАМА
Локација: АКТО Галерија во јавен простор

> 12:00 Локација: споменик Стив Наумов
Ова го правам за вас прекрасни луѓе, перформанс на Синиша Лабровиќ

> 19:00 Локација: плоштад „Магнолија“
Mispalced Women? and the Tourist Suitcase, перформанс на Тања Остојиќ

> 17:40 АКТО ЗА ЗАЕДНИЦАТА
Локација: Телевизија ТЕРА
„АКТО АГОРА – Граѓаните за јавното добро – граѓаните за Офицерски дом. Каков Офицерски ни треба?“
Реприза – Емитување на дискусијата одржана на 12. АКТО Фестивал на 2 септември, 2017 година

> 20:30-21:30 – УМЕТНИЧКА ПРОГРАМА
Локација: НУ Народен Театар Битола
Претстава: Приказна за окото
Режија: Мартин Кочовски Зоран Мартин Мице
*Претставата не е наменета за лица под 18 години.
* Претставата е за ограничен број на публика од 40 луѓе.
Регистрација за билет на телефон 078 390 945 и на мејл organizationf­ru@gmail.com

> 21:00-01:00 – АКТО МУЗИКА – АКТО КЛУБ НА МЛАДИ
Локација: мезе бар Јагода
BerryQyat (МК)

> 01:00 After party во соработка со мезе – бар Јагода
Локација: Железничка станица магацин
JosS (Hauz) (МК)
Dejan Dex (Hauz) (МК)
Ivan Dautovski (Pirka) (МК)
Rem Perry (ФР)

III 31.08.2019 сабота III

> 11:00 АКТО ЗА ЗАЕДНИЦАТА – АКТО КЛУБ НА МЛАДИ
Локација: АКТО галерија во НУ Центар за култура Битола
Изложба: sLOGan
заеднички проект на Бојана Исијанин и Ана Џима

> 12:00 – 15:00 – АКТО АГОРА
Локација: пред АКТО галерија во НУ Центар за култура Битола
Прво леб па морал, дискусија со храна

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.