Вечерва, со почеток од 18 часот во МКЦ ќе започне роденденската прославата по повод 30 години постоење на независното радио „Канал 103“.

Настапуваат LELEE и Blaž од Словенија и нашите Shock Troopers, Перија, Светлост, Тодор Караколев и Луфтханза.

Прославата ќе започне со промоција на „Момент документ“, книга на фотографии на Зденко Петровски во издание на МКЦ, проследена со придружна изложба на негови фотографии.

Билетите (во строго ограничен број) се достапни онлајн преку www.bileti.mkc.mk и на билетарница во МКЦ.

Настанот ќе се реализира согласно актуелниот протокол за организирање настани на отворен простор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.