На 10-ти ноември (среда), во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје (Спомен соба на Крсте Мисирков) со почеток во 19:30 часот, ќе се одржи четвртото и последно поетско читање.

Изведбата е на актерката Симона Спировска во пијано продружба на Дино Имери, а насловена е „Блаже Конески – Проста и строга македонска песна“, 100 години од раѓањето на великанот“ во рамки на прославата за 30 години независност.

Влезот е слободен и ограничен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.