„10 жаби“ е насловот на изложбата од Риџет Ферати која до 10 јули ќе биде отворена во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје. Тој го зема терминот „жаба“ познат во железничкиот транспорт и претставува точка на премин на две шини, која им овозможува на тркалата на возот да преминат од една пруга на друга без да се почувствува промена на движењето.

Риџет Ферати е роден 1995 година во Скопје. Дипломирал на Катедрата за визуелна уметност во класата на Александра Петрушевска-Ристовска, на Факултетот за уметност и дизајн, на Меѓунарoдниот балкански универзитет. Учествувал во повеќе групни изложби, а ова е негово второ самостојно претставување. а втора самостојна л и своја самостојна. Во академската 2021/2022 работи како студент-асистент на Факултетот за уметност и дизајн и ги продолжува своите магистерски студии во полето на визуелната уметност.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.