Огромна ми е честа да ги известам дека за многу кус период, за период од некаде два месеци Општина Бутел т.е. новиот тим во Општина Бутел успеа од идеја до реализација да направи неколку проекти поврзани пред се со образованието, изјави денеска Дарко Костовски, градоначалник на Бутел.

Вложивме 10 милиони денари во образованието, тука спаѓаат две ултра модерни баскет игралишта кои што ќе служат за дечињата од основните училишта „Ацо Шопов“, каде што се наоѓаме денеска во Радишани, и „Свети Климент Охридски“ во населбата Бутел 1, но ќе можат да ги користат и луѓето од локалното население.

Од 33 интерактивни табли кои што ќе се распоредат по сите седум основни училишта на територија на општина Бутел за да може да се следи нели модерен тип на настава и опремивме три кабинети по информатика, еден токму во ова училиште во „Ацо Шопов“, еден во основното училиште „Гоце Делчев“ и тоа училиште за првпат во историјата добива кабинет по информатика, и по 20 години основното училиште „Лиман Каба“ во Љуботен исто така доби кабинет по информатика. Секој посебно во вредност по вредносна сума е некаде околу десетици илјади евра.

Исто така вложивме и во градинките, за предучилишната возраст кај најмалечките. Вложивме три милиони денари, направивме едно ултра модерно квалитетно детско игралиште, безбедно игралиште во еден од клоновите кај градинките во Бутел 1. Опремивме десетина училници со нови столчиња и масички. Донесовме две ултра модерни специјални интерактивни табли за предучилишна возраст, набавивме нова кујна, и набавивме играчки за сите клонови на градинката „11-ти Октомври“ во општина Бутел.

Значи да сумирам, 13 милиони денари инвестирани за само првите започнати проекти до реализација за само два месеци на територија на општина Бутел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.