Репрезентацијата на Шпанија со 3:1 ја победи репрезентацијата на Косово синоќа во квалификациите за СП 2022 година. За време на преносот на натпреварот на шпанската национална телевизија ТВЕ, скратеното име на Косово беше напишано со мали букви (кос).

Сепак, скратеното име на Шпанија беше напишано со стандардни големи букви (ESP).

Шпанија е една од петте земји на ЕУ кои не ја признаваат независноста на Косово, заедно со Словачка, Грција, Кипар и Романија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.