Македонската радио телевизија оформи комисија која ќе утврдува и одлучува што ќе се случи со нашиот годинашен претставник на „Евровизија“, Васил Гарванлиев. Од јавниот сервис велат дека членовите на интерната комисија ја анализираат состојбата од сите аспекти и деновиве ќе биде донесена конечна одлука.

МРТ формираше интерна комисија, која ги разгледува и анализира сите аспекти кои произлегуваат од реакциите на јавноста, врзани за проектот „Евросонг“. Јавниот сервис исто така ќе ги има предвид обврските нотирани во лиценцата за учество, како и обврските кои произлегуваат од членството во Европската радиодифузна мрежа – ЕБУ, каде МРТ е составен дел од здружението на јавни сервиси во Европската Унија. Јавноста наскоро ќе биде дополнително информирана за конечната одлука на МРТ, рече Мери Попова, шефица на македонската евровизиска делегација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.