Постојат огромен број видови на кафе – домашно кафе кое го правите дома, еспресо, филтер кафе, кафе без кофеин, кафе од апарат, нес кафе. Важно е да го пронајдете она кое најмногу ќе ви одговара.

Ароматично комплексно кафе, блага киселост, остар вкус, со тенок слој крем од лешник кој му дава густина.. во исто време мазен и траен вкус кој останува во уста – зборуваме за добро еспресо.

Многу експерти посочуваат дека ако припаѓате на оние луѓе кои пијат повеќе од 4 кафиња на ден – претерувате. Оптимално е 2-3 шолји.

Ако чувствувате анксиозност, имате проблем со несоница и сте раздразливи – многу е можно да сте преосетливи на кафе.

Препорачаната доза на кофеин е 200-300 мг, што е шолја или две на ден. Ако не пиете кафе – советот на експертите е и да не почнувате, а ако сакате, бидете умерени, тоа е клучно во сè, па и во пиењето кафе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.