Актуелниот премиер на германската провинцијата Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет е избран за нов претседател на Христијанско-демократската унија (ЦДУ). Со тоа Лешет стана наследник на германската канцеларка Ангела Меркел, која ги предводеше германските демохртистијани цели 16 години.

Собранието на ЦДУ што требаше да се одржи во декември, беше одложено поради епидемиолошката состојба во земјата, а денешното Собрание, првпат во историјата, се одржа во виртуелна форма.

Во трката за претседател на ЦДУ беа тројца политичари: поранешниот шеф на парламентарниот клуб во Бундестагот, Фридрих Мерц, премиерот на сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет и експертот за надворешна политика, Норберт Ротген.

Лашет и Мерц влегоа во вториот круг на гласање, на дигиталното собрание на партијата кое што се одржа денес, на кое 1.001 делегат имаа право на глас.

Во вториот круг гласаа 991 делегат, додека четворица беа воздржани. Во конечното броење на гласовите Лашет освои 521 глас, а Мерц 466 гласа.

Како што анализира „Дојче Веле“ по изборот на Лашет, партискиот конгрес не станувало збор за бирање официјален наследник на Меркел на чело на Германија, туку „само“ за борба за претседател на ЦДУ.

Сепак, како што пишува „Дојче веле“, со оглед на тоа што, како што покажуваат анкетите, демохристијаните со месеци се убедливо најсилната партија во земјата,  автоматски се поставува прашањето за кандидатот на Канцелар: Кој и да е шеф на ЦДУ, исто така треба да биде погоден за Канцелар.

Изборот на Лашет веројатно би значело продолжување на политиката на Ангела Меркел. Премиерот на Северна Рајна-Вестфалија подеднакво силно ја поддржа канцеларката во нејзината политика за бегалците и во отворањето кон левиот политички спектар. Можеби тоа е причината што Меркел јасно стави до знаење дека го фаворизира Лашет.

Формално, конечниот исход на изборите на собранието на ЦДУ ќе биде објавен до следниот петок, бидејќи сега делегатите мора да ги испратат своите гласови по пошта.

Новиот шеф на ЦДУ, Лашет рече дека ќе стори се за партијата да помине добро низ претстојните избори, а особено на парламентарните избори, за да може повторно да назначи канцелар.

По изборите, Ротген вети поддршка и единство на партијата во наредниот период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.